Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Министерката Јаневска на Машинскиот факултет на настан по повод Европската ноќ на истражувачите

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на настан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на настан во рамките на програмата за одбележување на Европската ноќ на истражувачите 2026.

Настанот, како што информира МОН, ќе се одржи во 12 часот на Машинскиот факултет во Скопје, а е поддржан преку акциите „Марија Склодовска-Кири“ од програмата „Хоризонт Европа“.

– Приклучувањето на Северна Македонија кон одбележувањето на Европската ноќ на истражувачите е на иницијатива на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Македонската академија на науките и уметностите, со поддршка од Министерството за образование и наука – се наведува во соопштението.

Реклама

Во рамките на настанот се предвидени повеќе работилници, лабораториски посети, презентации и изложби на студентски и научноистражувачки проекти, како и други интерактивни активности.

Европската ноќ на истражувачите има цел да ги доближи науката и истражувачката работа до јавноста, особено до младите, преку непосредно запознавање со научните и истражувачките активности.