Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Министерката Божиновска на самит и форум за регионална енергетска безбедност во Солун

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска и утре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска и утре во Солун ќе учествува на самит и форум за регионална енергетска безбедност.

Божиновска утре ќе се обрати на 6. Метрополитен самит, насловен „Во пресрет на 2030 година: поврзаност и раст за Југоисточна Европа“, како и на јубилејниот 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа во чии рамки ќе го потпише меморандумот за соработка за приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор.

Со меморандумот официјално ќе биде означено приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор – една од значајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа.

Реклама

Вертикалниот гасен коридор ќе биде една од главните теми на 6. Метрополитен самит кој ќе ги отвори клучните прашања за предизвиците со кои се соочува регионот на ЈИЕ среде глобалните геополитички турбуленции и општествените и технолошки промени во глобален контекст. Како што е наведено на официјалната интернет страница на Самитот, ЈИЕ и источниот Медитеран имаат сè поголемо значење за безбедноста на Европа поради нивната близина до конфликтните зони, но и за енергетската безбедност на Европа. Се проценува дека поширокиот регион може да одговори на геополитичката фрагментација, така што ќе дејствува како мост за поврзување региони, земји, народи и култури.

Геополитичките промени, регионалната економска соработка, развојот на инфраструктурата и зелената енергетска транзиција во Југоисточна Европа, ќе бидат само некои од темите на Самитот.

Во фокусот, пак, на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа ќе бидат енергетската сигурност, обновливите извори и регионалната соработка во ЈИЕ. Најавено е учество на министри, претставници на најголемите енергетски компании и на меѓународни институции, експерти, регулатори и инвеститори.