Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Министерката Божиновска најави кампања за промоција на македонскиот рубин

Кампања за промоција на македонскиот рубин во европски и светски рамки – најави денеска министерката за енергетика Сања Божиновска откога на брифинг со новинарите соопшти дека овој наш уникатен полускапоцен камен е и официјално заштитен. Како што рече Божиновска, предвидено е да се заштитат и одредени видови мермер за што допрва ќе се разговара со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кампања за промоција на македонскиот рубин во европски и светски рамки – најави денеска министерката за енергетика Сања Божиновска откога на брифинг со новинарите соопшти дека овој наш уникатен полускапоцен камен е и официјално заштитен.

Како што рече Божиновска, предвидено е да се заштитат и одредени видови мермер за што допрва ќе се разговара со Геолошкиот завод и Секторот за минерални суровини и геологија.

Според Божиновска, со оглед на актуелните ниски берзански цени и зголемените количини електрична енергија од обновливи извори, во наредниот период може да се очекува поевтинување. Но, држават

– Денеска, добивме добра вест, македонскиот рубин, конечно, е заштитен. Македонија го заштити македонскиот рубин. Од денеска имаме бренд и ќе правиме кампања за да дознаат и Европа и светот дека и ние имаме со што да се пофалиме. Македонскиот рубин е единствен рубин во Европа. Планираме заштита и на мермерите, но понатаму ќе видиме со Геолошкиот завод и со Секторот за минерални суровини и геологија што се може да заштитиме. Како држава мора да водиме грижа за сè што поседуваме – истакна Божиновска додавајќи дека јавноста ќе биде навреме информирана за натамошните активности за промоција на македонскиот рубин.

Реклама

Според решението од Државниот завод за индустриска сопственост, се заштитува географскиот назив „македонски рубин“ со географска ознака за производот полускапоцен камен рубин, кој потекнува од поширокото прилепско подрачје во рамките на Пелагонискиот Масив.

Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розова боја, што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнена Европа што се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и национална гордост.

Активностите за заштита на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.