Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Минчев од Белград: Реформите се успешни само кога граѓаните се нивни рамноправни партнери

Реформата на јавната администрација не може да биде успешна доколку се спроведува исклучиво во институциите. Таа мора да се гради заедно со граѓаните, преку партнерство, транспарентност и активно учество во процесите на донесување политики, порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на јавна администрација […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформата на јавната администрација не може да биде успешна доколку се спроведува исклучиво во институциите. Таа мора да се гради заедно со граѓаните, преку партнерство, транспарентност и активно учество во процесите на донесување политики, порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на јавна администрација насочена кон граѓаните“, која се одржува во Белград, по повод десет години од иницијативата WeBER во Западен Балкан.

Конференцијата претставува значајна регионална платформа за размена на искуства и добри практики во реформата на јавната администрација, со учество на претставници на институциите, граѓанските организации, Европската Унија, ОЕЦД/СИГМА, ReSPA и други меѓународни партнери, посветени на создавање поотворени, потранспарентни и поефикасни институции во интерес на граѓаните.

Во своето обраќање, информираат од Министерството за јавна администрација, министерот Минчев истакна дека суштината на реформите не е само во институционалните промени, туку во создавањето администрација која испорачува конкретни резултати и ја зајакнува довербата на јавноста.

Реклама

-Успешната јавна администрација не се мери само преку донесени закони, стратегии и институционални промени. Таа се мери преку довербата на граѓаните, квалитетот на услугите што ги добиваат и нивното чувство дека се активен дел од процесите на донесување одлуки – истакна Минчев.

Тој нагласи дека Владата и Министерството за јавна администрација спроведуваат сеопфатна реформска агенда која има за цел изградба на професионална, модерна и ефикасна јавна администрација. 

Во таа насока, како особено значајни ги посочи новата законска рамка за административните службеници и вработените во јавниот сектор, законот за стручно усовршување и обука, како и законот за високата раководна служба, кој претставува историски чекор кон професионализација на највисоките раководни позиции во извршната власт.

Посебен акцент во неговото обраќање беше ставен на транспарентноста и инклузивноста во креирањето на јавните политики, истакнувајќи дека во подготовката на новите законски решенија уште од најраната фаза беа вклучени граѓанските организации, синдикатите, академската и експертската јавност, а истиот принцип се применува и при ревидирањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација.

-Граѓаните не смеат да бидат само корисници на јавните услуги. Тие треба да бидат активни партнери во нивното креирање, затоа што најдобрите политики се создаваат преку дијалог, партнерство и заедничка одговорност – посочи Минчев.

Нагласи дека Владата и Министерството за јавна администрација ќе продолжат да градат политики засновани на транспарентност, отчетност и партнерство со граѓаните, затоа што само на тој начин ќе може да се создадат институции што ќе испорачуваат резултати и ќе ја зајакнат довербата во јавниот сектор.