Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Минчев: Човековите права не се декларација, туку секојдневна обврска на институциите

– Со цел дополнително да се зајакнат знаењата и капацитетите на административните службеници во оваа област, Министерството за јавна администрација и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, денеска потпишаа Меморандум за соработка и ја промовираа новата онлајн алатка за е-учење за човекови права. На настанот се обратија министерот за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со цел дополнително да се зајакнат знаењата и капацитетите на административните службеници во оваа област, Министерството за јавна администрација и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, денеска потпишаа Меморандум за соработка и ја промовираа новата онлајн алатка за е-учење за човекови права.

На настанот се обратија министерот за јавна администрација Горан Минчев, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, како и Барбара Лигл, лидерка на Компонента 4 во рамки на проектот.

Министерот Минчев порача дека квалитетот на јавната администрација не се оценува само според прописите што ги применува, туку и според довербата што ја создава кај граѓаните. Забележа и дека човековите права не се тема што припаѓа исклучиво на законите, стратегиите или меѓународните документи. Тие се препознаваат во секојдневната работа на институциите, во начинот на кој се постапува по барањата на граѓаните, во квалитетот на услугите што ги добиваат и во одлуките што директно влијаат врз нивниот живот.

Реклама

-Довербата во институциите се гради тогаш кога граѓаните чувствуваат дека системот ги почитува нивните права, постапува правично и обезбедува еднаков третман за сите. Токму затоа знаењето, професионалноста и одговорноста на административните службеници се од суштинско значење за функционирањето на едно демократско општество-рече Минчев.

Тој нагласи дека реформите во јавната администрација не се сведуваат само на нормативни промени, туку подразбираат и создавање култура на континуирано учење, професионален развој и постојано унапредување на институционалните капацитети.

Во тој контекст, новата алатка за е-учење претставува практичен механизам преку кој човековите права ќе станат составен дел од процесот на стручно усовршување на административните службеници. Преку современи методологии и интерактивни содржини, платформата ќе придонесе кон подобро разбирање и примена на принципите на еднаквост, недискриминација, отчетност и почитување на човековото достоинство во секојдневното работење на институциите.

Во соопштението од Министерството за јавна администрација се наведува дека во рамки на настанот беше истакнато и значењето на континуираното следење и спроведување на препораките на националните и меѓународните механизми за заштита на човековите права, како и потребата од нивно поефикасно интегрирање во работата на јавниот сектор.

Промовираната алатка ќе биде достапна преку системот за електронско учење на Министерството за јавна администрација ЛМС и претставува дел од пошироките активности за модернизација на јавната администрација и зајакнување на професионалните стандарди во јавниот сектор.

Оваа иницијатива е во согласност со целите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и ја потврдува определбата за градење институции кои работат професионално, транспарентно и во служба на граѓаните, при што почитувањето на човековите права претставува неразделен дел од нивното функционирање.