Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Милошоски со скандал, aудиo од Заев: Му помагавме лично на Боки за телевизијата, плус земаше пари од Силјан Мицевски

Пратеникот Антонијо Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања, денеска, презентираше аудио…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Антонијо Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања, денеска, презентираше аудио снимка на кој по се’ изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев, објавува „Вечер.мк“.

На снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски, кој пак е главно осомничен во „Рекет“ заедно со бившата специјална обвинителка Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.

Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач, кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време поранешниот премиер бил во комуникација со главно осомничениот во „Рекет“, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки Јовановски.

Реклама

Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме.

Во продолжение интегрално текстот од аудио записот:

– Зоран Заев: Но му требаат пари во тоа телевизијата и…
– Зоран Заев: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.
– Зоран Заев: Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телеизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови.
– Зоран Заев: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата главно за маркетинг тоа беше уште порано лани Октомври Ноември 2018 година.