Реклама

ЦУК: Заклучно со 13 часот на територијата на државата се регистрирани 13 пожари

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Балкан

Милошоски: Илинден нè учи дека има мигови кога она што нè обединува мора да биде поголемо од она што нè дели

Илинден нè учи и на нешто друго, нешто што ни е потребно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден нè учи и на нешто друго, нешто што ни е потребно повеќе од кога било. Дека има мигови кога она што нè обединува мора да биде поголемо од она што нè дели. Може да имаме различни политички ставови и различни погледи за патот по кој се движиме. Тоа не е слабост, тоа е демократија, но постојат работи што мора да стојат над поделбите, а Македонија е првата меѓу нив – порача денеска од Мечкин Камен, потпреседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.

Во својот говор на одбележување на 2 Август – Денот на Републиката во Крушево тој истакна дека партиите доаѓаат и си одат, владите се менуваат, но татковината е таа што останува.

-Можеме да спориме за патот, но не смееме да го изгубиме правецот. Бидејќи националното единство не е отсуство на разлики. Националното единство е присуство на заедничка одговорност за државата. И затоа патриотизмот денес не е само да го развееме знамето еднаш годишно, ниту само да зборуваме за историјата. Патриотизам е да го чуваме македонскиот јазик, зборувајќи го, пишувајќи го и пренесувајќи им го на нашите деца кои ќе бидат негови нови говорители. Да ја чуваме културата, не само сеќавајќи се на она што било создадено, туку преку млади творци кои ќе создаваат дела што ќе нè поврзат со иднината. Да ја чуваме историската меморија, не за да живееме во историските спомени, затоа што треба да знаеме кои сме додека чекориме кон европската иднина. Затоа што народ што не знае од каде доаѓа, тешко знае и каде треба да оди. А народ што го почитува сопствениот идентитет нема потреба да го негира туѓиот – нагласи Милошоски.

Реклама

Потпретседателот на Собранието истакна дека Македонија не бара ништо што му припаѓа на друг, но додаде дека никој не може да очекува од нас да се откажеме од она што сме.

-Ние сме Македонци. Имаме своја историја и култура, свои легенди и преданија, свои песни и херои, свои порази и победи. Оставете не да си ги оплакуваме и да си ги славиме по македонски. Оваа порака не е против никого. Тоа е едноставно вистината за нас. Таа вистина не ја изговараме со гнев, туку со достоинство. Достоинство кое го градиме заедно со нашите соседи, побратими и мили пријатели, Албанците, Власите, Турците, Србите, Бошњаците, Ромите и сите други граѓани на оваа земја. Сите заедно, ние сме Македонија. Затоа што националното достоинство не се докажува со омраза кон другиот. Тоа се покажува со почит кон себе и со уважување на различните од тебе – порача Милошоски.

За Мечкин Камен рече дека тоа не е обичен споменик, ниту случајна планинска корија, туку  место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанале пред неспоредливо посилен непријател и не отстапиле.

-Питу Гули и неговите соборци знаеле сè за таа битка. Знаеле дека силите се нерамноправни. Знаеле дека помош нема да пристигне. Знаеле дека нема да се вратат кај нивните сопруги, кај нивните деца, кај нивните родители. Но, сепак останале. Не затоа што не се плашеле, туку затоа што постоело нешто поголемо од нивниот страв. Љубовта кон нивните семејства, кои ги бранеле и љубовта кон Македонија која ја создавале. Во таа нерамна борба не им било лесно да имаат надеж за победа. Но, се бореле затоа што одбиле да живеат без надеж – потсети Милошоски.

Тој истакна дека Питу не им ветил на своите соборци победа, не ја прикрил опасноста, останувањето на Мечкин Камен била свесна одлука, свесно прифаќање на личната и јуначка саможртва. Говореше и за Никола Карев, кој на Смилевскиот конгрес имал дилема за времето на кревање на востанието.

-Дилемата му била дали народот е доволно подготвен и вооружен. Тоа не било отсуство на храброст, туку свест дека зад големите одлуки стојат и човечки животи. Но, кога одлуката била донесена, тој ја прифатил и застанал на чело на востаниците. И Питу и Карев имаа една заедничка девиза: слободата не се добива на подарок. Синовите на Македонија сами мора да се изборат за својата татковина – нагласи Милошоски.

Тој рече дека Карев и неговите соработници покажале дека слободата не е само отфрлање туѓа власт, туку и способност да се преземе одговорност за сопствената заедница. И во моментот кога Крушево можело да проговори со јазикот на одмаздата, тие, додаде Милошоски со Крушевскиот манифест проговориле со јазикот на разумот. Затоа, нагласи тој, Илинден не е само датум во календарот, туку историска вага според која секоја генерација може да ги мери своите дела за Македонија.

Милошоски нагласи дека иако востанието било задушено, стремежот за слободна Македонија останал и четири децении подоцна, во НОБ, партизаните ги именуваа своите одреди по јунаците од илинденската епопеја. Крушевскиот одред го носел името на Питу Гули, Битолско-преспанскиот на Даме Груев, Прилепскиот одред на Гоце Делчев, Велешкиот на Пере Тошев.

-Генерацијата на партизаните се гордееше со идеалот на Илинденците и ја продолжи несебично нивната борба. На заседанието на АСНОМ, идејата за слобода доби државотворна форма. Во 1991 година граѓаните референдумски ја потврдија самостојноста на Република Македонија. Секоја генерација се носеше со својата задача. Генерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и стремежот за слобода. Генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава. Генерацијата од 1991 ја потврди државната самостојност – истакна Милошоски.

Тој потенцира дека нашата генерација има своја задача, помалку драматична од претходните, но не помалку важна.

-Наша задача е оваа слободна Македонија денес, да има кој да ја наследи утре. Затоа што државата не е само територија. Не е збир на државни институции. Државата е народот, таа е живо наследство што секоја генерација ѝ го предава на следната. И тоа наследство има смисла само ако секоја генерација има и потомци, ново поколение – додаде тој.

Потпретседателот на Собранито изјави дека тишината на Мечкин Камен зборува и ако внимателно ја слушнеме, таа не нè повикува само да им се поклониме на мртвите, туку нè повикува да бидеме достојни на нивната жртва, достојни на името што ни го оставија, на земјата што ја наследивме и достојни на децата што ќе дојдат по нас.

-Слободата ја наследивме од предците. Иднината им ја должиме на потомците. На нас останува Македонија да им ја предадеме како жива татковина со разиграни деца,  со полни и современи училишта, со млади што творат овде, со семејства што го создаваат нивниот успех и со соживот и почитување што ќе се пренесува од поколение на поколение, затоа што без народ нема држава. Зошто најдлабоката почит што можеме да им ја оддадеме на оние кои загинаа за Македонија е да создадеме Македонија во која вреди да се живее. Тоа е нашиот долг кон минатото и нашата одговорност кон сегашноста уште повеќе и завет кон иднината. Ако бидеме достојни на тој завет, тогаш и по 100 години, на ова место ќе има кој да се поклони пред жртвата на Илинденците. Вечна слава на Питу Гули и на неговите соборци. Вечна слава на сите што се жртвуваа за слободата и државноста на Македонија. Развејте го знамето на Крушевската Република. Нека ни е вековит Илинден. Да живее Македонија. За многу години – порача Милошоски.