Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Милатовиќ пред пратениците: Нашата визија за влез во ЕУ не е целосна без вас

Нашето пријателство ги надраснува вообичаените дипломатски фрази за отсуство на отворени прашања.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашето пријателство ги надраснува вообичаените дипломатски фрази за отсуство на отворени прашања. Тоа е суштинско, тоа е преживеано и тоа е вистинско. Тоа е пријателство што го граделе поединци, како нашиот голем книжевник Радован Зоговиќ, кој во црногорскиот и во македонскит карактер го препозна истиот непокорлив дух на слободата. Тоа е нишката што нè врзува, а се гледа во делото на вашиот голем писател и револуционер Кочо Рацин, кој во црногорските другари виде браќа според идеалите на правдината – истакна црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во обраќањето пред македонскиот парламент. 

Милатовиќ, кој е во прва официјална посета на нашата земја, потенцира дека Црна Гора денеска стои пред вратата на Европската Унија и оти со оптимизам очекува дека набргу ќе стане првата нејзина наредна членка.

– Ние сакаме да станеме 28-ма земја членка во 2028 година. Меѓутоа, сакам тоа овде јасно да го кажам, нашата визија не е целосна без вас. Нашата визија е целиот Западен Балкан како нераскинлив дел од европското семејство – истакна Милатовиќ.  

Реклама

На надворешнополитички план, потсети тој, „ние чекориме со ист чекор и се гордееме што можевме да ви подадеме рака кон членството во НАТО“. – Денес ја потврдуваме нашата целосна усогласеност со евро-атланските вредности – рече Милатовиќ. 

Осврнувајќи се на соработката меѓу двете земји, црногорскиот претседател Милатовиќ рече дека нашата соработка во економијата, во инфраструктурата, енергетиката и туризмот не треба да остане само на ниво на потенцијал.

– Наша должност е заедничка институционално да ги поврземе нашите стопанства и да ги модернизираме нашите општества за резултатите на нашите политики да станат мерливи со подобар живот на секој граѓанин – рече Милатовиќ. 

Во времиња на големи глобални искушенија, додаде тој, нашите држави остануваат вредносни патокази за почитување и за уважување на различностите, кое за нас се богатство.

Со тоа даваме клучен придонес кон нашиот заеднички регион праќајќи јасна порака и од Скопје и од Подгорица дека разните вери и нации не се ѕидови што нè делат, туку мостови што силно нè врзуваат и спојуваат – рече црногорскиот претседател пред пратениците. 

На обраќањето на Милатовиќ во пленарната сала присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е негов домаќин и со која имаше средба и прес-конференција во Вилата „Водно“, а неговиот говор го проследија и членови на македонската Влада, претставници на правосудството, верски лидери, како и членови на дипломатскиот кор во земјата. 

Во Собранието црногорскиот претседател имаше средба и со претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши.