Реклама

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

Свет

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим

Мигрантската криза во шпанската енклава Сеута повторно ги зголеми тензиите помеѓу Шпанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мигрантската криза во шпанската енклава Сеута повторно ги зголеми тензиите помеѓу Шпанија и Израел, а според Мадрид истата е дел од поширока геополитичка борба.

Изјавата на шпанската политичка аналитичарка Каролине Алонсо дека Израел се обидува да ја ослабне владата на Шпанија поради нејзиниот став кон војната во Појасот Газа предизвика меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим.

Според неа, барањето на Италија, Шпанија привремено да се исклучи од Шенген-зоната е обид за ослабнување на владата во Мадрид преку Мароко, со поддршка на Израел, како и со помош на ултрадесницата во Шпанија и во Европа.

Реклама

Алонсо ги обвини и САД дека со ослабнување на шпанската влада сакаат да го прошират своето влијание врз Гибралтарска Теснина.

Израелскиот амбасадор во Обединети нации, Дани Данон на платформата Икс објави дека Шпанија „наместо да држи лекции треба да објасни зошто и понатаму има колонијални енклави во Африка“.

– Шпанија, која никогаш не пропушта можност да држи лекции на Израел, прогласи вонредна состојба во Сеута по кризата предизвикана од нејзината имиграциска политика, наведе Данон.

На објавата на Данон одговори шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте.

– Изгледа дека се станува прилично јасно, објави Пуенте на Икс, без дополнително објаснување.

Додека шпанскиот пратеник Габриел Руфијан и портпарол на парламентарната група на Каталонската републиканска левица, исто така на социјалните мрежи истакна дека мигрантската криза им служи на интересите на САД и Израел. Тој повика на широк национален консензус за ова прашање, наместо партиска политичка конфронтација.

Новинарот Хозе Визнер повторно ја објави порака од 2019 година објавена на социјалните мрежи од синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир, во која се тврди дека Израел ги поддржува сепаратистичките движења во Сеута и Мелиља.

Визнер повикувајќи се на објавата на Јаир Нетанјаху праша дали сегашниот мигрантски притисок претставува одмазда против шпанскиот премиер Педро Санчез за која плаќаат сите Шпанци.

Односите меѓу Шпанија и Израел значително се влошија по почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година. Шпанија е меѓу европските земји кои беа најкритични кон израелската воена кампања, а во мај 2024 година ја признаа Државата Палестина. Мадрид постојано повикувајќи на итен прекин на огнот и поголем пристап до хуманитарна помош за Појасот Газа.

И додека трае „војната на интернет“ синоќа околу 500 луѓе се обиделе од Мароко да влезат во шпанската енклава Мелиља. Тие се судрија со шпанските безбедносни сили.

Граничниот премин Бени Ензар е затворен од синоќа.

Изминатите денови преку Гибралтар речиси 50.000 мигранти нелегално влегле во Сеута.

Шпанската влада соопшти дека десетици илјади мигранти доброволно се вратиле во Мароко.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хуан Мануел Алварез на платформата Икс објави дека кризата практично е завршена, бидејќи, според него, речиси сите што влегле во Сеута се вратиле во Мароко.

Тој ја коментираше и вчерашната одлука на Италија за привремена суспензија на Шенгенскиот договор со Шпанија.

– Не можете од Сеута и Мелиља да стигнете до Ибериски Полуостров без да поминете низ полициска проверка. Доста со ова намерно предизвикување конфузија, истакна Алварез.