Реклама
Македонија

Мицунски го подготви теренот во Софија пред средбата Сиљановска Давкова со Бугарката Јотова

Македонија мора да е сигурна дека повеќе нема да биде уценувана од Бугарија. Целта на државава е да ги отвори, но и да ги затвори преговорите за членство во ЕУ, без дополнителни барања поврзани со историја, идентитет и јазик. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија мора да е сигурна дека повеќе нема да биде уценувана од Бугарија. Целта на државава е да ги отвори, но и да ги затвори преговорите за членство во ЕУ, без дополнителни барања поврзани со историја, идентитет и јазик. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски од Софија.

Во пресрет на билатераната средба меѓу претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзината бугарска колешка Илијана Јотова, тој во своето обраќање на состанокот на шефови на дипломатиите од регионот, ја потврди посветеноста на Македонија кон членството во Европската Унија, но вели дека не може да се занимаваме со прашања кои немаат врска со евопските вредности.

-Многу е лесно да бараме причини кои што не делат, но дајте наместо да се фокусираме на минатото, на ирелевантни прашања за еворпскиот процес, прашања поврзани со идентитет, со историја со јазик,  тие се автохтони на земји, не треба да бидат дел од европскиот процес. Да се фокусираме на тоа што е релеватно и значајно за нашите две држави, а тоа заедничка иднина во Европската Унија, тоа е пораката која што ја праќаме од Софија, изјави Муцунски.

Реклама

Според Муцунски и Скопје и Софија ќе имаат добробит од интегрирањето на Македонија во Евроспаката Унија. Тој се осврна и на значењето на регионалната поврзаност и економска интеграција. Вели Македонија останува посветана на развојот на транспортната, енергетската и дигиталната инфраструктуреа, како и на понатамошното зајакнување на регионалната соработка. Тука пред се се мисли на поврзаноста преку Коридорите 8 и 10, кои имаат стратешко значење за целиот регион.

-Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат. И тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија, никој нема интерес од она што се случува во моментов, губат двете држави економски, губат политички, губат и граѓаните, народите на двете држави кога се создава ваков тип на недоверба. И најлесниот начин на кој што ние можеме да се движиме напред и да ги решаваме нашите меѓусебни прашања, е доколку Бугарија ги отвори вратите, дозволи ние да ги отвориме преговорите, изјави Муцунски.

На Самитот на шефови на држави и Влади на земјите од процесот за соработка со југоисточна Европа, пленарната сесија посветена на темата „Копмас кон стабилност безбедност и одржливост“ ќе се обрати Сиљановска Давкова. На маргините на самитот претседаталката ќе оствари билатерални средби со претседателката на Бугарија, Илијана Јотова и на Косово Албулена Хаџиу.,

Матеја Петровски