Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мицкоски:ВМРО ДПМНЕ подготвува програма за економска преродба

Уште една шарена лага на власта е фабриката за електрични автомобили во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште една шарена лага на власта е фабриката за електрични автомобили во Тетово предупредува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Тој вели дека ветувањата за овој проект пропадна во вода поради неажурното работење на Владата. Мицкоски се сомнева дека некој од власта се “офајдил” со државни пари но ако тоа се докаже – уверува дека ќе има одговорност. 

Навистина не знам како не е до власта која во август 2022 година ветуваше дека за неколку недели ќе почне производството, а за неколку месеци потоа лаже дека ги групирале парцелите па тоа било пречка за да отпочне, за да повеќе од година дена сведочиме на банкрот на компанијата. Ние од самиот почеток предупредувавме дека ова е уште една шарена лага во очи на тогаш вонредните локални избори во општина Тетово кога имаше повторени избори за советот и во предизборна еуфорија се сликаше целиот државен врв на чело со Ковачевски, Ахмети и останатата групаизјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски предупреди дека поради нерационалните трошења на Владата, економијата е пред колапс Според него, влегуваме во се потешка фаза, а сите бројки покажувале дека македонското стопанство тоне.

Реклама

„Се сеќавате ветуваа раст на БДП просечен од 5%, 2023-тата година со најнизок раст во регионот завршивме од едвај 0,9%. Иако мислам дека после ревизијата која што ќе ја направи независен државен завод за статистика, а не овој партиски и политизиран завод на ДУИ и СДС, тогаш нема да биде поголема од 0,5 – 0,6%. Значи дури они и инерцијата на економијата успеваат да ја придушат“, заклучи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија подготвува програма за економски препород на Македонија и ги повика сите граѓани масовно да излезат на следните избори и да одлучат во каква држава сакаат да живеат.

Тој ги обелодени имињата на носителите на изборните единици на ВМРО-ДПМНЕ, за претстојните парламентарни избори.

Мицкоски ќе биде носител во ИЕ1, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мислајловски носител во двојката, пратеникот Ковачки во тројката, во четвртата изборна единица носител ќе партискиот потрпетседател биде Александар Николоски.За 5-ката се уште не кажа име, но одлука ќе донесат во текот на денот. Како и минатите избори во 6-ката носител ќе биде пратеничката Дафина Стојановска.