Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Мицкоски:Ова е историски ден за Македонија, очекувам победа на Силјановска Давкова уште во првиот круг

Илјадници граѓани, во редици еден по еден уште од раните утрински часови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илјадници граѓани, во редици еден по еден уште од раните утрински часови нетрпеливо чекаа да го дадат својот потпис во знак на поддршка за кандидатурата за претседател на Гордана Силјановска Давкова. Веќе на пладне, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ имаше собрано двојно повеќе од она што го пропишува законот, а целата постапка продолжи во текот на денот.По конвенцијата на која доби огромна поддршка од партиските делегати, Силјановска-Давкова добива масовна поддршка и од граѓаните. Ваквата слика според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е историска. Христијан Мицкоски кој и самиот стави потпис за кандидатурата на професорката очекува таа убедливо да триумфира уште во првиот круг на претседателските избори.

Неспоредлива е динамиката за собирање потписи со динамиката кај професорката Силјановска Давкова. Јасна е нивната улога – да се обидат да го ослабат потенцијалот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, немаат друг капацитет, ниту потенцијал. После резултатите во првиот круг од претседателските избори, ќе им биде јасно што може да очекуваат две недели подоцна на парламентарните избори, рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски ги повика и граѓаните, за како што рече да му се помогне на кандидатот Стево Пендаровски да го исполни ветувањето и да се исели од Македонија.

Реклама

И добро е да му помогнат граѓаните на Стево Пендаровски да она ветување и онаа изјава која ја кажа пред некое време, доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија, да му помогнат да се исели Стево Пендаровски од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме внатре во Македонија тоа е подобро за Македонија а ние да најдеме начин сите оние кои се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски и оние кои што го поддржуваат Стево Пендаровски да ги вратиме домаизјави Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на останатите кандидати за претседател и рече дека тие се всушност опозиција на опозицијата во првиот круг и дека ќе биде интересно кому ќе му ги дадат гласовите во вториот круг, доколку воопшто го има.