Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Економија

Мицкоски за владиниот пакет мерки: Немилосрдно задолжување на граѓаните, мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен

Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен, вели лидерот на опозицијата Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен, вели лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, коментирајќи го четвртиот пакет економски мерки кој го соопшти Заев. Според него ова е последна сламка за спас во услови кога економијата пропаѓа. Мицкоски вели оваа помош не само што е задоцнета, туку истата дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во која е Македонија.

-Кога веќе се прави четврт пакет на мерки треба да се види искуството од претходните три. А, тоа е поразително и се вика нови дополнителни најмалку 40 илјади невработени за 5 месеци и минус речиси 13% намалување на бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Токму затоа и 4-тиот пакет на мерки е промашен обид да се дефукусира вниманието од вистинските проблеми, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски Владата наместо уште на првата седница енергично да креира сет мерки, кои ќе значат вистинска поддршка за спас на економија, сега гледаме само продолжување на популизмот со неодговорно трошење на народните пари и немилосрдно задолжување на државата. Мицкоски вели се потрошил цел месец во кој илјадници граѓани дополнително се отпуштени од работа и многу бизниси ставиле клуч на врата.

Реклама

-Во услови кога владата во првите осум месеци од годината потроши речиси 120 милијарди денари пари на граѓаните и 35 милијарди денари од задолжувања, реализирани се капитални инвестиции во износ од скромни нешто повеќе од 7.7 милијарди денари. Ова сериозно ја поткопа одржливоста на економијата. Земјата е на историски највисоко ниво на задолженост без фискален простор за поттикнување на идниот економски развој, изјави Мицкоски.

Мицкоски ја коментираше и мерката викенд без ДДВ. Вели уште една лага на Заев која бомбастично најавувана во предизборието. Како што кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо ветените четири викенди во септември, граѓаните ќе добијат само еден, и тоа не со оние услови под кои беше најавувана оваа мерка.

-Нема тоа да биде без ограничувања како што тоа беше ветувано во предизборието, туку тоа ќе биде со ограничување од 30.000 денари и нема да биде намалена цената која што ќе платат, туку тие ќе го финасираат данокот на додадена вредност, потоа тие ќе ја скенираат фискалната сметка и доколку сумата не надминува 30.000 денари тогаш ќе чекаат од страна на министерството за финансии да им го врати данокот на додадена вредност, изјави Мицкоски.

Мицкоски ги спомена и оние платежни картички кои што според него се исклучително квалитетен метод и принцип на институционален поткуп кој досега функционирал кај Заев. Мицкоски вели сега тие картички се намалени од 9.000 на 6.000 денари, а главен фокусот се пензионерите кои земаат пензија под 15.000 денари. Лидерот на опозицијата потсети дека токму оваа власт предводена од СДСМ, претходно им ја намали пензијата на стотици илјади пензионери, за сега Заев да глуми милосрдие.

Матеја Петровски