Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Мицкоски за реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“: Ова ќе значи додадена вредност на квалитетот на живот на Битолчани

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски денеска ја посети Општина Битола.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски денеска ја посети Општина Битола.

Мицкоски присуствуваше на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.

-Генерално и министерот и градоначалникот кажаа што е цел на денешната работна посета, но има уште една значајна цел а тоа е одбележување на 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕм денес ќе имаме централен настан овде во Битола. Денеска ќе ги посетиме сите овие објекти за кои што зборуваше и министерот и градоначалникот, сега сме на првиот. Убеден сум дека ова ќе значи додадена вредност на квалитетот на живот во Битолчани, изјави Мицкоски.

Реклама

Мицкоски изрази благодарност до градоначалникот Коњановски на посветената работа досега.

-Се разбира очекувам да поведе на локалните избори уште во првиот круг, успешна работа и во иднина, мнозинство во советот која ќе биде како додадена вредност во квалитетот на работа, а не како до сега да ја кочи работата на градоначалникот, по која било цена. За жал, поради тие опструкции и тоа кочење не сме во можност да почнеме уште еден долгоочекуван проект, а тоа е спортската сала. Но, се надевам дека во следниот мандат и тоа ќе го отпочнеме, потенцира Мицкоски.

„Топлификација се завршува, се почнува пречистителна станица, 15-тина милиони во улици, булевари, паркови, училишта, градинки, влезот во Битола, еве и ова што го спомна министерот, овде што е позади нас, старото кино. Така што генерално, кога сè ќе се изанализира и собере повеќе од 100-тина милиони евра, влегуваат сигурно во Битола во периодот што следи.

Да се заблагодарам на администрацијата во Општината што ја следи работата, на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на пратениците во македонскиот Парламент, колегите во Владата.

Битола е во рамките на нашиот периметар на најголем фокус, така било, и така и ќе остане“, потенцираше во изјавата премиерот Мицкоски.

Вредноста на договорот е 96.000.000 денари, додека рокот на реализација е до декември 2026 година.