Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски: За разлика од Украина и Молдавија, кај нас немаше државнички консензус за ЕУ

Опозициите во Украина и во Молдавија не работат против своите граѓани и своите држави, таму сите се обединети кога станува збор за стратешките прашања. Вака премиерот го коментира отпочнувањето на преговорите на овие две држави со Европската Унија. Според Мицкоски, клучната разлика е што кај нив нема опозиција која ја кодоши владата и работи во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициите во Украина и во Молдавија не работат против своите граѓани и своите држави, таму сите се обединети кога станува збор за стратешките прашања. Вака премиерот го коментира отпочнувањето на преговорите на овие две држави со Европската Унија. Според Мицкоски, клучната разлика е што кај нив нема опозиција која ја кодоши владата и работи во интерес на туѓи држави, а кај нас поранешната власта направи сериозни отстапки и катастрофални грешки чии последици се уште ги чувствуваме.

„И поранешните власти во овие две држави обезбедувале консензус кога станува збор за стратешки прашања и за надворешни предизвици. Тоа не го направи претходната влада, која беше во една, би рекол, прилично очајна состојба тогаш и беше подготвена да коленичи и да прифати бел лист хартијa за да остане на власт. Граѓаните тоа го препознаа, ги казнија и ги испратија во опозиција, на следните избори ќе ги испратат и на политичките маргини, а за нив брзо ќе избледи политичката меморија и никогаш повеќе нема да ни се повторат“, рече Мицкоски.

За премиерот, единствениот пат за Македонија е исполнувањето на Реформската агенда и развојот на економијата. Резултатите, вели тој, нема да се случат преку ноќ, туку само преку посветена работа и труд, по што Македонија повторно ќе почне да победува, како што тоа го правела и во минатото.

Реклама

„Ќе продолжиме да ја градиме македонската економија. Резултати преку ноќ нема. Ние не сме чудотворци. Секој што ветува чуда, не ја говори вистината. Ветуваме само дека напорно работиме и дека ќе го добиеме заслуженото. Македонија забрзува и Македонија ќе победи, како што многупати победувала во минатото“, изјави премиерот Мицкоски.

Додека Украина и Молдавија денеска ги започнуваат преговорите со Европската Унија, Македонија повеќе од две децении го трасира својот пат кон европското семејство. И покрај кандидатскиот статус добиен во 2005 година и бројните политички компромиси направени во изминатите години, од промена на знамето, името и Уставот, земјата се уште се соочува со пречки на патот кон полноправно членство.