Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Македонија

Мицкоски за обвинувањата на Филипче за притисоци: Одговорно тврдам дека ова се најдемократски и најфер организирани избори

Одговорно тврдам дека ова се најтранспарентни и најфер организирани избори во поновата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одговорно тврдам дека ова се најтранспарентни и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање да даде коментар на обвинувањата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за поткуп, како и тоа дека власта вршела притисоци врз нивни кандидати за градоначалници.

-Станува збор за најтранспарентни, најдемократски и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија. Тоа што одделни политичари имаат проблем со Фројд па совеста работи, и мислат дека тоа што тие би го правеле и го проектираат на политичкиот противник е така, мислам дека тој начин на однесување не е добар и мислам дека тоа не носи поени, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакна дека и граѓаните се сведоци дека такво нешто не само што не постои туку, како што рече, тоа е надвор од неговата лична филозофија и ако имаат индиции да пријават да се провери.

Реклама

-Доколку имаат било каков индикатор дека тоа се случува, мојот телефон го знаат слободно нека ми се јават да пријават да провериме дали е тоа така, но јас одговорно тврдам дека не само што нема, туку ќе пвоторам – овие локални избори се избори во кои македонските граѓани, но и Владата покажаа одредено ниво на зрелост и поминаа во најмирна и најдемократска атмосфера и јас очекувам така да помине и гласањето и во недела после вториот круг, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција обвини дека нивните кандидати за градоначалници се соочиле со притисоци, заплашувања и злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. – И за време на периодот во првиот круг и во изминатите две недели сведоци сме на континуирани притисоци и врз нашите кандидати, членовите на тимовите, од страна на полицијата, единиците за брзо распоредување, од службите за социјална работа, од единиците на Управата за јавни приходи и тоа го детектиравме во буквално сите општини посебно засилено во 17 општини во очи на вториоит круг. Јасно е дека е карактеристика на ВМРО-ДПМЕ секогаш кога се на власт да го злоупотребуваат државниот апарат и да се обидуваат и да спроведуваат поткуп кај граѓаните, рече Филипче.