Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Целта е развој на државата и создавање нова вредност

Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите во јавноста по неговата изјава дека се преговара за инвестиции во дата центри со десетици компании, за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите во јавноста по неговата изјава дека се преговара за инвестиции во дата центри со десетици компании, за кои веќе се менува и регулативата.  

Мицкоски порача дека ќе застане зад секој проект, како што рече, не за еден мегават, не за пет, туку и сто и повеќе мегавати, кога ќе бидат исполнети условите согласно закон, како и техничките критериуми, што ќе бидат содржани и во закон и во правилник како подзаконски акт, кои уверува дека нема да бидат ништо послаби од тие што се во Соединетите Американски Држави, Франција и во другите европски држави. 

– Откако излезе оваа вест забалежувам хистерија кај одредена група на луѓе, која има за цел да создаде хистерја во општеството и потоа сите да веруваме дека таа хистерија е точна. Јас сум професор. Сигурно на тие коишто ја предизвикуваат таа хистерија не им е повеќе за оваа држава и граѓани, отколку мене како техничко лице, барем исто. Е сега ако е исто, и ако главните пораки од овогодинешниот Светски бизнис форум во Давос беа вештачка интелигенција, а секој инженер знае дека мора да има податочни центри за да функционира таа вештачка интелигенција, а за да тие функционираат мора да има електрична енергија и ако светот својот развој во иднина го темели на тоа, како Влада не можеме да се помириме со фактот дека таа мала група на луѓе која создава хистерија, ќе се обиде повторно да го попречи развојот на државата. Франција е лидер во инвестиции во вештачка интелигенција и во податочни центри. Во 2024-та  или 2025-та, не ме фаќајте за збор, околу 70 милијарди евра се инвестирани во Франција. Америка, главните два столба на коишто го темели растот на економијата е токму на современата технологија – вештачката интелигенција и податочните центри,  изјави Мицкоски.

Реклама

Како Влада, дополни премиерот, апсолутно носиме одговорност и сè ќе сториме нашата заедничка Македонија да биде онаква каква што треба – модерна, богата, современа, а притоа да не го нарушиме комфорот на живот на граѓаните.

Мицкоски посочи дека Владата ги решава наследените проблеми и се обидува да ја развива државата и да создава нова вредност и, како што рече, „нема да се повлечеме поради овие луѓе, малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот“. 

– Кога излезе веста дека голема американска компанија ќе гради таков податочен центар во Хрватска, имаше луѓе коишто реагираа зошто не инвестираат и во Македонија. Кога објавивме дека имаме десетици такви писма со намери коишто сакаат да инвестираат во вакви податочни центри, се појавија неколкумина коишто на социјалните медиуми се обидуваат хистерија да направат, посочи Мицкоски, порачувајќи дека само со следење на светските трендови ќе се развива државата, ќе се креираат добро платени места и ќе се задржат луѓето. 

Не нудиме, посочи премиерот, фабрики за марихуана, не нудиме марихуана економија, туку современа економија на која ќе се темели на одржлив начин развојот на државата. 

– Тоа ќе продолжиме да го нудиме, ќе дојдат избори и граѓаните ќе гласаат – дали ќе гласаат за марихуана економија или за напредна современа технологија во рамките на податочните центри. Тоа е разликата помеѓу оваа влада и онаа претходно марихуана економска влада, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на дом за стари лица во Општина Илинден.