Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Мицкоски: Водиме надворешна политика со аргументи, не со коленичење и гланцање чевли во Брисел

Македонија скапо ги плаќа грешките и договорите што ги потпишаа минатите влади со Бугарија и со Грција. Премиерот Хритијан Мицкоски вели дека на новата генерација политичари останува обврската да се борат и да ги исправат историските неправди. Пред европратениците да го одбијат амандамот на известувачот Вајц, Мицкоски порача дека треба да истиот треба да биде […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија скапо ги плаќа грешките и договорите што ги потпишаа минатите влади со Бугарија и со Грција. Премиерот Хритијан Мицкоски вели дека на новата генерација политичари останува обврската да се борат и да ги исправат историските неправди. Пред европратениците да го одбијат амандамот на известувачот Вајц, Мицкоски порача дека треба да истиот треба да биде усвоен, бидејќи тоа е шанса, ЕУ да докаже дека билатерланите прашања не се пречка за интеграција.

„Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, тоа треба да го направи, треба да ја исправи неправдата што ѝ е нанесена на Македонија. Мислам дека тоа треба да се случи, европските пратеници треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел во кој протоколите не се составен дел од преговарачката рамка. Ги охрабрувам и ги замолувам европратениците да се држат до европските вредности дефинирани од Шуман, Аденауер и Де Гаспери при формирањето на ЕУ. Вината треба да ја бараме и меѓу нас зашто во минатото имавме политичари медиокритети, кои им направија штета и на граѓаните и на државата. Но, затоа сега имаме генерација, и тука и во Европскиот парламент, која е подготвена таа штета да ја исправи“, изјави Христијан Мицкоски. 

Извештајот и пораките од Брисел се потврда за реална европска перспектива и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес, вели премиерот, кој уште еднаш порача дека земјата повеќе нема да прави отстапки на патот кон ЕУ и нема да ја водат полтичари кој ќе коленичат и ќе им се додворуваа на бриселските бирократи.

Реклама

Поучени од тие лекции од минатото ние денеска ја водиме нашата надворешна политика која не е составена од гланцање чевли во Брисел на евродипломати и коленичење туку надворешна политика која се темели на аргументи. И тие арументи да имаат некоја логика, да може секој да ги разбере бидејќи времето на внимание кога ве слушаат во Брисел се состои во минути. Мора во неколку минути да го спакувате тоа што има суштина и сакате да го пренесете“, изјави Мицкоски.

Извештајот според СДСМ е само потврда дека реформи нема. Од опозиција порачаа дека не станува збор за никаква заштита на македонскиот национален идентитет од страна на Мицкоски, туку за заштита на неговата криминална моќ. Оттаму реагираат дека Владата водела антиевропска кампања, затоа со лажни наративи го напаѓала СДСМ за предавство, само за да се спречи влезот на Македонија во Европската Унија. Оттаму велат дека додека регионот забрзува кон ЕУ – Македонија забрзува кон пропаст.