Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Мицкоски во Вашингтон на средба со Kрис Павловски. Ѓорчев: Средбите отвораат можности и перспективи за Македонија

Со работна средба  стартуваше посетата на владината делагација во Вашингтон.  Премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со работна средба  стартуваше посетата на владината делагација во Вашингтон.  Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по пристигнувањето одржал состанок со  Крис Павловски, бизнисмен со македонско потекло со кој разговарале за потенцијално инвестирање од неговата компанија во Македонија.

Во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари.  Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата, напиша Мицкоски.

Реклама

Според експерите ова е многу значајна средба, и сите планирани активности на Премиерот во САД отвораат  хоризонт на можности и перспективи за Македонија. Ваквите средби се уште еден доказ дека Соединетите Американски држави се стратешки парнер на Македонија .

Средбата со Крис Павловски кој има корени од Македонија кој има контакти и со Илон Маск и со новата администрација на Трамп може многу да помогне…. средбите со тие луѓе се многу важни , вели за Алфа поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.

Мицкоски како единствен лидер од балканот ќе присуствува на инаугурацијата на 47 претседател на САД што практично утре ќе биде најважниот настан во светот. Според експертите ова е големо охрабрување и за Владата  и за македонските граѓани.

Според Ѓорчев, Поддршката од САД ќе биде многу важна особено во делот на проширување за Западен Балкан

Мицкоски  е во друштво на министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков. Инаугурацијата е закажана за утре , а се најавува присуство на бројни претседатели и премиери, но и први луѓе на светските организации. Засега е јасно дека нема да присуствуваат рускиот и кинескиот претседател, Владимир Путин и Си Џинпинг, а како претставник Кина го испраќа потпретседателот Хан Женг. Нема да оди ниту унгарскиот премиер Виктор Орбан. На инаугурацијата сепак ќе присуствуваат и  поранешните американски претседатели  Барак Обама, Џорџ Буш, и Бил Клинтон.