Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски во Туминец: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво, матицата нема да ве заборави

На Македонија денес ѝ е потребно обединување, повеќе од кога било претходно.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија денес ѝ е потребно обединување, повеќе од кога било претходно. Премиерот Христијан Мицкоски на средба со Македонците во Албанија испрати силни пораки и поддршка за нашинците. На средбата со жителите од Преспа, Мала Преспа и Туминец, Мицкоски порача дека тие се нераскинлив дел од националното ткиво и им изрази поддршка за сè она што досега го направиле за Македонија.

„На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, посочил Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека истрајноста на Македонците во овој крај низ децениите е подвиг достоен за почит.

Реклама

„Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка“, нагласи премиерот Мицкоски.

Инаку, под мотото „Чест за хероите, завет за иднината“, Македонците од Мала Преспа денеска во Туминец организираа посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај. Заедно со премиерот Мицкоски, на манифестацијата беше присутен и министерот за култура Зоран Љутков.