Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати, нема потреба од ограничувања

Земјава има доволно нафтени деривати и во моментов нема потреба од било…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјава има доволно нафтени деривати и во моментов нема потреба од било какви ограничувања, вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека ограничувања се уште не се потребни, иако, како што нагласува, има зголемена потрошувачка, пред се поради тоа што голем дел од граѓаните од соседните земји доашаат да точат гориво кај нас.

-Во моментов немаме никакви индиции дека би имало потреба од ограничување од аспект на волумен како што направија некои земји од ЕУ. Не само што тоа не го правиме, туку голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите со гориво. Зголемена е потрошувачката. Ако во првиот месец беше 10 проценти сега веќе е 15 проценти, рече Мицкоски и додаде дека сега за сега нема потреба од вовдување на некои од препораките за штедење по примерот на ЕУ бидејќи има доволно количини на горива.

Од понеделник, како што рече, се очекува бензините да бидат со цена од 1,32 до 1,37 евра, а нафтата да биде меѓу 1,5 и 1,53 евра за литар. Во продуктоводот Солун-Скопје, како што кажа, има нафтени деривати за 60-тина дена плус за 62 дена во стоковите резерви.

Реклама

-Во моментов не гледам опасност од количините што е прв приоритет. Втор приоритет е да ги одржиме цената и стабилноста на цената за да не ни се случи како во 2022 година да имаме двоцифрена инфлација. До сега рубусниот пристап дава резултати, а за потоа ќе видиме како ќе се развива кризата. Анализираме се и врз основа на тоа ќе ги носиме натамошните одлуки, нагласи Мицкоски во изјава по увидот во градежни работи на изградбата на училиште во Општина Илинден.