Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Вистинското прашање за претседателот на СДСМ е дали тој поддржува лице кое е на црната листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош Сотир Лукровски и дали постои договор за поддршка, одговори дека карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД.

– Карпошани на овие избори избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на нашиот стартешки партнер САД, избраа да не поддржат човек којшто е осуден за криминал од прв степен од Основниот суд, и карпошани во првиот круг му дадоа огромна доверба на Сотир Лукровски, кој пред неговиот противкандидат води со 1500 гласа разлика. Претпоставувам дека останатите кандидати и политички чинители во Македонија исто така ќе се согласат со ова што ќе го кажам а тоа е дека нема да поддржат кандидати кои се наоѓаат на црната листа поради криминал кај нашиот стратешки партнер САД и нема да поддржат осудени во прв степен лица кои на овие локални избори излегуваат и се обидуваат со старите трикови да ја добијат поддршката на карпошани, рече Мицкоски во изјава за медиуми на мини митингот во Центар.

Појасни дека во тој контекст ја гледа и средбата меѓу кандидатката на СДСМ Маја Мојсова и како што рече, идниот градоначалник на Општина Карпош Сотир Лукровски.

Реклама

– Можеби вистинското прашање за претседателот на СДСМ е дали тој поддржува лице кое е на црната листа за сторен криминал кај нашиот стратешки партнер и дали поддржува лице кое е осудено во прв степен заради сторен криминал. Можеби тоа е вистинското прашање, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче, пак, денеска на прес-конференција кажа дека нема ниту договор за поддршка на Стевчо Јакимовски во Карпош, иако беше објавена заедничка фотографија на кандидатката на СДСМ Маја Мојсовска од првиот изборен круг со Стевчо Јакимовски. – Не станува збор за никаков договор, разговарав и со Маја ќе се видиме во текот на денов, таа напиша и едне пост, тоа го препишувам на политичко неискуство, нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, каде и ние се боревме во првиот руг, рече Филипче.

Во однос на комбинаториките и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за партии и кандидати во вториот круг, Мицкоски рече дека е недвосмислена поддршката за кандидатот за Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.

– Јасно е моето присуство денеска затоа уште на самиот почеток кажав јасна недвосмислена и директна е поддршката којашто ја има Мирослав Лабудовиќ овде во Центар како кандидат за градоначалник и иден градоначалник за општина центар од редовите на движењето ЗНАМ. Јасна и недвосмислена е нашата поддршка за Максим Димитриевски во вториот круг во Општина Куманово, јасна и недвосмислена е нашата поддршка во сите општини каде што нашите коалициони партнери имаат трет противник, рече Мицкоски.

Тој кажа и дека неговото присуство вчера во Струга значело јасна и недвосмислена поддршка за независниот кандидат кој после првиот круг води во однос на неговиот противкандиат во Опшптина Струга, Менди Ќура.