Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Мицкоски: Венко дури ни неговите пратеници од СДСM не го поддржуваат и го оставаат сам да потоне

На денешниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на улогата на Венко Филипче во СДСМ и дека никој не го поддржува.

Мицкоски посочи дека на Венко воопшто не му е лесно, затоа што во улогата што ја игра во СДСМ е многу осамен и никој не му верува, па затоа ни неговите пратеници не му веруваат и не му доаѓаат на митинзите и го оставаат сам да потоне, а не пак народот да го гласа на избори.

„Искрен да бидам, човек да не му е во кожата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој во таа улога е осамен, дури ни неговите пратеници од СДСМ не го поддржуваат, не му доаѓаат на митинзите. Сам се препотува и жилави, затоа што ниту тие не му веруваат во работите кои ги кажува и го оставаат сам да потоне. И навистина, човекот не може да ги убеди ниту неговите пратеници да го поддржат, а не па народ да го гласа на следните избори“, рече Мицкоски.

Реклама

Мицкоски од митингот во Штип се наврати на она што е направено изминатите 15 месеци централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и наследена состојба во државата.

„Овие 15 месеци како Влада, дадовме сè од себе да ја нормализираме државата и помогнеме на многу граѓани. Затекнавме темели кои се разрушени, доверба која е ниска во системот кој пак е расипан и нефункционален на многу нивоа. Но и во едни такви услови постигнувавме резултати“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека едно од фундаменталните ветување на минатата изборна кампања, на парламентарните избори, беше линеарното покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари и тоа се реализираше во првите девет месеци власт, додека во првите година и половина, пензиите ќе бидат за седум илјади денари линеарно зголемени.