Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Мицкоски: Стоп за техничка влада и „Мајскиот договор“

Иако конечен договор за споени избори на 8 мај нема, сепак се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако конечен договор за споени избори на 8 мај нема, сепак се поизвесно е дека  средата по Велигден ќе се одржат втор круг претседатлски и парламентарни избори. Додека се чека официјализирање на датумот на лидерска средба која би требало да се одржи идната недела, партиите со нова пречка на патот, дали да има техничка Влада.

ВМРО-ДПМНЕ се децидни не сакаат пржински модел на влада 100 дена пред изборите. Претседателот на партијата Мицкоски, повтори дека не се за концептот на пржинска влада иако со тоа тие како опоизиција би изгубиле можност за технички министри и заменици, Мицкоски вели, треба да се смени законот за влада.

  • „Затоа цениме дека техничката Влада предводена со таквото кадровско решение и самата техничка Влада треба да биде дел од минатото. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ, Македонија е зрела држава да се интервенира во Законот за Влада и Изборниот законик и оваа одредба која ја дефинира техничката влада треба да биде конечно избришана“ – рече Мицкоски.

Мицкоски во интервју за Гласот на Америка потврди и дека за него мајскиот договор, односно коалицирањето на победник со победник, не постои, зошто токму од ДУИ го прекршиле тој принцип. Претседателот на партијата вели треба да се и даде шанса на албанската опизиција, а на интегративиците добро ќе им дојде малку да одморат од власт.

Реклама

А токму ДУИ, а со нив и СДСМ не попуштаат на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничка влада, време сега за тоа немало, а и законски било така пропишано. Според Ковачевски сега немало консензус за таквото барање.

Доколку немате консензус за нешто што било донесено со целосен консензус и со меѓународно посредство тогаш може да завршите повторно во политичка криза. Од она што го гледам како раасположение помеѓу политичките партии не постои раасположение во моментов за укинување на ова, со оглед на краткиот рок пред одржувањето на изборите. Доколку не се постигне консензус за укинување на техничката влада, тогаш ние ќе имаме техничка влада, рече Изјава Димитар Ковачевски – претседател на Владата.

Сега за Ковачевски техничката влада не е проблем, а на почетоков на годинава самиот тој кажа дека не се согласува со тој концепт, но се чини дека токму договорот на СДСМ и ДУИ за албанец премиер е причината зошто Ковачевски го смени ставот.

Додека Ковачевски се чини прави дузина работи да ги задоволи апетитите на партијата на Ахмети, од неговата СДСМ се сигурни дека тие ќе ја формираат новата влада ,иако бројките на последните анкети не го покажуваат тоа, сеуште нема одговор дали во обид да го амортизираат поразот СДСМ и ДУИ би оделе со заеднички листи.