Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Мицкоски со честитка за Божиќ: Моралните, семејните и духовните вредности се наша водилка за иднината

Достоинство, обединување, фокус на вистинските вредности, среќа и желба Македонија да стане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Достоинство, обединување, фокус на вистинските вредности, среќа и желба Македонија да стане подобро место за живеење – државно-политичкиот врв им го честиташе Божиќ на верниците од католичка веродисповед. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повика да го чуваме и почитуваме достоинството за да бидеме и самите достоинствени и почитувани.

„Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да не заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината“ вели Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на државата

На граѓаните празникот Божиќ, кој католиците и дел од православните верници го слават според Грегоријанскиот календар им го честиташе и Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши.

Реклама

Овој празник нè повикува да размислуваме за заедничките вредности на солидарноста, толеранцијата и соживотот – вредности кои нè обединуваат како општество и нè водат по патот на единството“ вели Африм Гаши, претседател на Собрание

Честитка испрати и премиерот на државата, кој во негово име и во име на Владата вети дека ќе работат Македонија да биде подобро место за живеење.

„Нека нашата Татковина биде подобро место за живеење, земја на нови големи победи и најважно – држава со повеќе среќни граѓани... Радосната вест која се пренесува низ генерации, повторно нека го огрее срцето на секој верник и сограѓанин“ вели Христијан Мицкоски, премиер

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на граѓаните им посака со добра мисла да ги дочекаат божиќните и новогодишните празници.

Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други“ вели Венко Филипче, лидер на СДСМ

Честитки по повод празникот упатија министри, пратеници, градоначалници, функционери, партии и организации.

Давид Крстевски