Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Следната недела ќе се сретнам со Синдикатот на УПОЗ и ќе разговараме за нивните барања

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање информираше дека на почетокот од следната недела ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ, за да разговараат за нивните барања, потенцирајќи дека само така ќе се дојде до решение коешто ќе биде успешно.

-Ние често пати зборувавме дека начинот којшто го одбраа синдикалците, не е начин за да се реализираат барањата, и да се надминат сите овие работи. Апсолутно следната недела на почетокот ќе се сретнам, нормално во зависност од расположливото време нивно. Јас денеска од овој настан ќе појдам во Владата, имам од два часот редовни состаноци, да го видам како е распоредот, ќе им предложиме два-три термина, нека изберат еден. Ќе се сретнеме, ќе разговараме, ќе ги анализираме заедно работите, меѓу другото се подготвува и состанок на Економско-социјалниот совет, ќе можеме и таму да разговараме. Така што само со разговор се решаваат работите. Само со разговор можеме да дојдеме до решение коешто ќе биде успешно, изјави премиерот Мискоски.