Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Бизнис

Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат

Ќе се завршат започнатите капитални проекти и ќе се развиваат нови –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се завршат започнатите капитални проекти и ќе се развиваат нови – Владата предвидува реализација на рекордни над  800 милиони евра капитални раходи во Буџетот, пари со кои ќе се инвестира во патна, железничка и  енергетска инфраструктура. Се предвидуваат пари за завршување на закочените крупни проекти како автопатот Кичево – Охрид, интензивирање на  изградбата на коридорите 8 и 10 д, инвестиции во енергетиката, земјоделството, образованието и здравството. Ќе се градат експресни и регионални патишта, училишта, градинки, болници и други јавни објекти.

На овој начин, владата планира да се создаде инвестициски циклус кој ќе го поттикне економскиот раст и во 2025 се проектира раст од 3,7 отсо.

Според премиерот Мицкоски мора да се заврши она што е започнато. Тој не гледа никаква оправданост во критиките од опозицијата на ова поле :

Реклама

И опозицијата треба нешто да каже но тоа што го зборува опозицијата е целосно неточно, да треба некој да ги заврши тие проекти зарем треба да се случи истото со Кичево – Охрид? , вели Мицкоски.

Планот на власта е рално да ги реализираат предвидените пари за капитални инвестиции, а не како до сега тие да се трошат за трансфери до јавни прептпријатија и акционерски друштва за тековно работење.

Во поглед на патната инфраструктра се најавува градежна офанзива на над 200 килимтери патишта низ Македонија, а веќе  се забележува побрза динамика на градење по откочувањето на бројните препреки кои ја забавуваа обновата на патната мрежа во земјава.

Опозицијата во рамки на амандманската расправа за Буџетот 2025 критикува дека е скроен недомаќински и неразвоен, а во предлогот не можело да се види ниту еден нов позначаен проект за развој на државата освен продолжение на проектите кои тие ги започнале. Тие најавија дека нема да го поддржат и поднесоа над 200 амандмани.