Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски: СДСМ може да остане без ниту една општина – победата на ВМРО-ДПМНЕ е извесна

Премиерот Христијан Мицкоски на 34-тата годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски на 34-тата годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ порача дека сосема е извесна победата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и дека има шанси СДСМ да остане и без една освоена општина.

-Тоа за мене е потврда за огромната поддршка од народот, но и огромна одговорност што значи дека мора да се има отчетност, да не се заборават вредностите кои ги имаме и ветивме на народот. Но и да се продолжи да се работи со несмалено темпо. Обврската која ја добивме од граѓаните пред се значи одговорност, која не се гледа само во начинот на кој се води политиката, туку и според начинот на кој се однесуваме во секојдневието, истакна Мицкоски.

Во контекст на тоа додаде дека секој еден функционер треба да има на ум дека народот живее тешко и дека мора одговорно да се однесува секој од Владата кон секој еден народен денар со кој управува.

Реклама

-Не смее да има некаков сомнеж во нашите намери за домаќинско и одговорно работење. Не смееме да го разочараме народот кој во нас гледа надеж за промени и враќање на сонот за Македонија која има иднина. Затоа што ветивме работа, и знам колку посветувам внимание и го слушам народот и знам дека мора да правиме разлика од се што беше порано, истакна Мицкоски.

Тој им порача на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ дека има добри примери, но дека има и неколку примери кои можат и мора да работат посилно, најавувајќи дека на секоја година ќе има ревизија на работењето на секој еден функционер.

-На смееме да го разгочараме народот кој во нас гледа надеж за промени и враќање на сонот за Македонија која има иднина. Не смее ниту во еден момент да се заборави на народот, мора да останате сервис и на услуга на народот постојано, и само така ќе бидете гордост и на базата партијата, и на сите кои трчале, макотрпно работеле да бидеме она што сме сега, убедливо најголемата политичка сила во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Најскапото нешто што еден човек може да го остави, како што посочи Мицкоски, е чистиот образ и честа на своето име и дело по кој се препознава.

-Тоа треба да го запамети секој еден кој денес управува со државата. Сите ние денес стоиме на темелите што ги градиле нашите предци. Темели изградени од жртва, од пот, од соништа што се претвориле во химна. Земја што многумина ја пееле, ја бранеле и ја сакале…, порача Мицкоски.

Македонија, како што посочи тој, не е само географија, Македонија е идеја, Македонија е вера во утрешниот ден, Македонија е зрак што не се гаси.

-На оваа раскрсница од нашата историја, имаме одговорност што не смееме да ја избегнеме. Да изградиме Македонија што ќе биде праведна, силна и успешна држава. Македонија што нема да биде заложник на стравот и апатијата, туку двигател на надежта и напредокот, рече Мицкоски.

Во овој момент, како што додаде, не ни е дозволено да се двоумиме. Според него, потребна е јасна визија и цврста волја, потребно ни е обединување околу темелните вредности: демократија, слобода, правда и достоинство.

– Ги гледам младите на оваа земја. Во нивните очи гледам амбиција. Во нивните срца — неискажана љубов кон татковината. Тие се нашата иднина. Тие се нашата најголема надеж. Но, надежта сама по себе не е доволна. Ние, генерацијата што сега води, сме должни да им создадеме држава во која нема да заминуваат со чемодани на аеродромите, туку ќе остануваат со проекти, соништa и ентузијазам, нагласи Мицкоски.

Затоа, како што посочи, Македонија мора да успее и не смееме да прифатиме ништо помалку. – Не за нас, туку за нив — за младите што доаѓаат, истакна тој.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ својот говор го заврши со зборовите на, како што рече, еден од големите сонувачи за подобар свет, Хавел – „Надежта не е убедување дека сè ќе заврши добро, туку сигурност дека нешто има смисла, без оглед како ќе заврши“.

Воедно го цитираше и Винстон Черчил дека „Успехот не е конечен. Неуспехот не е фатален. Важна е само храброста да се продолжи понатаму.“

-Да продолжиме понатаму. Храбро. Одлучно. За држава што ќе ја водиме кон успех. Оваа генерација нема да чека! Оваа генерација нема да моли! Оваа генерација ќе се бори — и ќе победи! Македонија мора да успее — и ќе успее! Нека чуе цела земја: Македонија е победата! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија! Бог да ни ја благослови Македонија, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.