Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака кој е нивниот партнер во регионот, а тоа е Македонија

Усогласената заедничка изјава и рамката за договор за реципрочна, фер и балансирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Усогласената заедничка изјава и рамката за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД е силна порака кој е најсилниот нивен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања што ќе значи за македонската трговија потенцијалниот договор со САД за намалување на царините.

– Договорот што потенцијално ќе го потпишеме со САД во рамките на параметрите што се содржани во заедничката изјава ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија помеѓу 62 и 64 царински броеви да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5 проценти – рече Мицкоски.

Тој рече дека во 2025 година билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари, односно приближно 600 милиони долари, каде што, како што рече, имаме благ суфицит како држава, имаме повеќе извоз отколку увоз во САД, и притоа изрази очекување преку овој договор да се зголемат билатералната соработка и трговијата. 

Реклама

– Но, повторно ќе кажам, договорот сам по е единствен надвор од Европската Унија, со тарифи исти како што имаат ЕУ и Обединетото Кралство. Но, пораката е силна, и објавата на трговскиот претставник на САД, кој е на ниво на секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија, значи многу, и за инвеститорите и за економската состојба во државата – нагласи Мицкоски.

Премиерот потсети дека во рамките на мандатот на оваа Влада во овие 20 месеци е постигнат договор за стратешко пријателство и со Велика Британија.

– Повторно од опозицијата настапуваат со лажни тези дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју и ги демантира. Но, договорот за стратешко пријателство не е само договор, тоа е и порака и ефектите на таа порака ние можеме да ги видиме и во нашата економија, па дури и во условите под кои се издаде еврообврзницата – рече Мицкоски.

Тој укажа и на вториот документ, односно први во регионот имаме заеднички усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија.

– Третата важна дипломатска работа што нè стави во друштвото на функционални и зрели демократии во кои владее правото, каде што се почитуваат човековите права, укинувањето на постмониторинг-мисијата на Советот на Европа, и ние сме единствената земја во регионот што го постигна тоа – додаде премиерот одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.