Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Мицкоски: Продолжуваме да ги поддржуваме сите иницијативи кои доаѓаат од Кичево, градот се гради

Кичево ќе добие нова болница, затворен базен,се решаваат проблемите со отпадот и …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кичево ќе добие нова болница, затворен базен,се решаваат проблемите со отпадот и  депониите, спортските сали ќе добијат нов лик, а патната инфрастура во овој дел од Македонија ќе биде подобрена. Ќе се реализираат сите отпочнати проекти  во кичевско, порача премиерот Мицкоски кој направи увид на реконструкција на спортската сала, санацијата на патната инфраструктура и изградаба на пристапен пат кон селото Србица.

“Тука се исто така и пратениците од македоноското Собрание кои што даваат максимум за да имаме проект повеќе во Кичево, така беше до сега,  така ќе продолжиме и во периодот кој што следи, а јас како председател на владата, како до сега, а така и од сега, па и натаму, ќе ги поддржувам сите овие иницијативи кои што доаѓаат од општина Кичево.”-рече Мицкоски

Инвестициите во здравството ќе се реализираат во две фази. Министерството за финансии преку меѓународен повик, бараше компанија која што ќе ги финансира проектите, а  гаранција ке издаде Ексим банката.Тој повик е завршен, ги имаме понудите и во следната недела веќе ќе ги анализираме -рече Мицкоски

Реклама

 “Првата фаза е клиничката болница во Штип, заедно со факултетотза медицински науки и студентскиот дом.Здравствениот дом со проширена дејност овде во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово. А во втора фаза е големиот клинички центар во Скопје. Така што, по завршувањето на евалуацијата и изборот на финансиска институција, проложуваме со реализација на овие проекти.”-рече Мицкоски.

Сите пречки се отстранети и за изградбата на базенот. 

“Ние како локална самоправа сериозно пристапивме кон тоа, бидејќи навистина беше заглавен во некојафаза. Немаше приклучок за струја, немаше струјомери, немаше воопшто донесено кабел каде што ќе се приклучи.Ние сето тоа го завршивме, проверени се пумпите, базенот е наполнен, проверени се греачите, проверено е греењето внатре, значи сеедоведено во фаза да може да се пушти во употреба”–рече Александар Јованоски гардоначланик на Кичево.

Горив проблем како за општините од југозападниот регион, така  и за Кичево е и одлагањето на сметот и депониите. Проктот за изградна на регионална депонија во Новаци е во напредна фаза претовартна станица ќе има во Кичево за што веќе е најдена и локација.Претоварната сраница ќе биде изградена по сите светски стандарди од каде сметот потоа ќе се носи во Новаци,појасни градоначаникот Јованоски.