Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, наша цел е да испорачаме реформи, но и да го сочуваме националното достоинство

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција, во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство. – Имавме билатерална средба со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција, во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство.

– Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и свое мислење, што го пренесовме. Подетално ќе разговараме за време на работниот дел на самитот. Така што да бидеме трпеливи, сепак, ова се моменти кога практично ЕУ, односно Европскиот совет јасно кажува дека процесот на проширување останува жив – рече Мицкоски.

Она што е задача на македонската Влада, како што наведе, е „да го зачува тој процес, да напредуваме, но истовремено да не го загубиме достоинството, како што тоа беше пример во изминатите децении кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во ЕУ“.

Реклама

– Наша цел е да станеме држава што испорачува најмогу реформи, истовремено да останеме фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство – рече Мицкоски.

Нагласи дека е исклучително задоволен од средбата со Мерц, со кого, како што посочи, се знаат од состаноците на Европската народна партија, но ова им е прв состанок меѓу два премиери.

– Јас сум исклучително задоволоен од состанокот со Мерц, како и од она што го разговаравме на состанокот со францускиот претседател (Емануел) Макрон на работната вечера, како и со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Да, се разбира дека уставните измени што ги прифати претходната влада, беа тема на состаноците. Нашиот став е дека ние заслужуваме многу повеќе од просечни политички медиокритети, како што беше претходната влада, да ни ја креираат европската судбина. Мислам дека голем дел од земјите членки на ЕУ тоа го разбираат. Процесот на проширување е жив и добро е што таа порака денеска лидерите на земји членки на ЕУ ја испраќаат – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: