Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Мицкоски: Повеќе од милијарда евра за патно поврзување на Кичево

Околу една милијарда евра за патно поврзување на Кичево со околните градови.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу една милијарда евра за патно поврзување на Кичево со околните градови. Премиерот Мицкоски информира дека овој град дополнително ќе се развие кога ќе бидат готови автопатите кои го поврзуваат со Скопје и Охрид. Долгоочекуваната делница Кичево – Охрид планирано е да биде готова до крајот на годинава, а најдоцна до првиот квартал 2027-ма. Досега од овој автопат пуштени во сообраќај се 34 од вкупно 57 километри автопат.

„Очекувам да делницата Кичево-Охрид биде завршена некаде, еве најдоцна да речеме, првиот квартал од следната година, нешто што беше заборавено. Ај што беше заборавено, беше и уништено. Па сега разгледуваме можноста конечно и за таму да има одговорност, зошто тоа така се оставило тоа на забот на времето“ -вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Во напредна фаза е и изградбата на автопатската делница Гостивар – Букојчани. Имотно-правните работи се речиси целосно завршени – информира Мицкоски. Таа е исклучително предизвикувачка за изградба бидејќи е во планински предел. Двете делници кои ги гради Бехтел и Енка од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани треба да бидат готови до 2029-та година.

Реклама

„Во напредна фаза сме, слушнавте и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, дека сме во напредна фаза за реализација и на таа делница, веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, мислам триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена. А што се однесува до урбанистичкиот сегмент, целосно имотно-правните односи се заокружени. Така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Со целосното завршување на Коридор 8, патувањето од Скопје до Охрид треба да стане побрзо од кога било – трасата од 173 километри се крати на околу 150 километри кои ќе се поминуваат за само еден час и 15 минути од излез на Скопје до влез во Охрид. Исто така се планира затворен систем за наплата, односно да се плаќа при влез, односно излез. Во делот на инфраструктурата, се работи и на подготовка на физибилити студија за реконструкција на пругата од Скопје до Кичево, по што ќе започнат градежните работи.