Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Економија

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година

Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со репрезентативните синдикати во Владата.

-Ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11 000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги воспоставува договор и тој договор е со рок на траење до 2028 година. Претходно имаме вакви договори и со вработените во образованието и со вработените во здравството и во останатите институции, така што кога сето ова ќе се заокружи, ние како Влада, како најголем работодавач, практично ги имаме регулирано нашите односи со нашите колеги во рамките на институциите. Ова е историски момент, бидејќи досега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите и нивно усогласување за да дојдеме до некое достоинствено ниво, истакна Мицкоски.

Ова се, напомена премиерот, тие храбри чекори што ги прави Владата.

Реклама

-Ова се тие храбри чекори што ги прави Владата дури и во услови на светски и домашни предизвици што секако влијаат на економијата, со домаќинско, зрело, одговорно работење и работење со државната каса, на што можеме тоа се да го исполниме како држава еве постигнуваме договор и тој договор понатаму треба да се операционализира преку индивидуални договори, а тоа што го споменаа и двајцата претседатели, а ние како Влада го повторуваме веќе подолго време е дека Општиот колективен договор е истечен, иако таму во завршните преодни одредби стои дека тој останува во сила сè додека не се донесе нов. Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година се разбира очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати во случајов ССМ и КСС да седнеме и да испреговараме еден нов општ колективен договор којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите, од друга страна ќе биде алатка којашто ќе ја имаат и работниците, но ќе ја има и Влада и цениме дека една ваква вин-вин комбинација, односно двете страни да добијат, а најмногу граѓаните и најмногу државата се разбира можеме да го направиме со едно зрело работење и со една доверба што мислам полека, но сигурно со одредени структури во синдикатите. Не велам со сите, но со одредени структури во синдикатите ние како Влада ја имаме и градиме, бидејќи има структури што за жал никако да излезат од политичките прегратки на одредени политички партии, рече Мицкоски.

Тој повтори дека по долго време, преку конструктивен разговор, изминатава недела се постигна заедничко решение.