Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Мицкоски од Вашингтон: Промовираме мир, стабилност – рамо до рамо со сојузниците

Премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, каде се одржува НАТО Самитот, порача дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, каде се одржува НАТО Самитот, порача дека Македонија промовира мир, стабилност и просперитет. Како македонска влада, вели, ќе бидат рамо до рамо со сојузниците, дека ќе го промовираат меѓународното право и ќе подадат рака за зачувување на вредностите кои ги поврзуваат земјите членки на НАТО.

„За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе, заедно со нив да го одбележиме овој јубилеј – 75 години од постоењето на НАТО алијансата, најголемата одбранбена алијанса во светската историја. Како држава, подготвени сме да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и вледеењето на меѓународното право. Како малуброен народ, сакаме да потврдиме дека она кое што е за нас важно, е да во деновите кои што овде ќе разговараме за важните прашања, е ги донесеме најзначајните одлуки кои што ќе ја моделираат иднината на човештвото во наредните декади. И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите. Како македонска влада, сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и на македонските граѓани“, кажа Мицкоски.

32 лидери на земјите – членки се во Вашингтон на НАТО Самитот – 75 години од формирањето на Алијанса. Македонската делегација која ја предводи премиерот посетата на американската престолнина ја користи и за билатерални средби.

Реклама

Христијан Мицкоски заедно со албанскиот и црногорскиот колега, Еди Рама и Милојко Спајиќ, оставрија средба со сенаторката Џин Шајин и сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО.

Мицкоски посочил дека балканскиот регион помина тежок период на предизвици и промени кои покажаа дека соработката, забрзаниот развој и инвестирањето во пријателства на граѓаните единствено им носи подобар живот.

Евентуална средба на премиерот Мицкоски со грчкиот колега Мицотакис се уште е неизвесна, иако медиумите од Атина пишуваат дека е можно соочување во четири очи на маргините на Самитот. Грчкиот премиер најде простор да каже дека е загрижен оти македонските власти го користеле името Република Македонија, иако Пентагон беше јасен во своите пораки – билатералните прашања за Договорот од Преспа да остане надвор од Алијансата.

На Самитот на НАТО Алијансата Македонија ја претставуваат премиерот Мицкоски и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.