Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Mицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на ДДВ и акциза и најниски цени на горивата во регионот

Почитувани претставници на медиумите,Почитувани граѓани, Се извинувам за денешното мое обраќање, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани граѓани,

Се извинувам за денешното мое обраќање, во предвечерието на големиот празник, но чуствувам обврска и одговорност да ја запознаам јавноста.

Како Влада, континуирано дека ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи и пресметки со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините.  Согласно тие информации, очекуваме дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати, што се потврдува со најновата одлука која ќе стапи на сила во вторник.

Реклама

Со оваа одлука, цената на Еуросупер 95 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 82 денари за литар.

Еуросупер 98 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 84 денари за литар.

Дизел горивото се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 95,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 96,5 денари за литар.

Цената на мазутот се намалува за 2,084 денари и ќе изнесува 49,227 денари.

Овие цени се утврдени без дополнителното намалување од страна на ОКТА за своите партнери и изнесува 2 денари по литар за бензините и 3 денари по литар за дизелот, што значи дека ефектот врз крајната цена ќе биде дополнително намалување.

Во изминатиот период, Владата презеде конкретни чекори во таа насока. Донесена беше одлука за намалување на данокот на додадена вредност за горивата од 18% на 10%, остануваме и оваа недела на овие мерки со кои што директно се влијаеше врз намалување на малопродажните цени.

Исто така и услогласување на акцизата врз основа на движењата на берзите на плац, а за нас репер берза на плац е италијанската. Веќе имаме донесено одлука на владата и по таа може да постапува Регулаторната комисија во однос на нивелирање на акцизите.

Остануваме и понатаму држва која што навремено и сигурно ги обезбедува сите потребни количини на  нафта и нафтени деривати за граѓаните и бизнисите, морам да напоменам дека исто така имаме денови кога конзумот е зголемен дури и за 30% и има денови кога достигнуваме до 2 милиони литри на ден кои што престатвува апсолутен рекорд. Но имаме доволно количини на бензинските пумпи за нас и за граѓаните од соседните земји. Остануваме држава со најниски реагенси и едниствена која ги намалува цените.

Уште еднаш се потврдува успешноста на Владината политика со оваа најголема криза во историјата дури поголема од оние две во 70тите и онаа која започна со војната во Украина. 

Така што со политиките кои ги водиме успеавме да обезбедиме најниски цени во однос на соседтсвото за бензините и нафтените деривати. Со овие мерки успеваме изминатите 45 дена  достоинствено да се справиме со предизвиците. 

Предизвици ќе има и во наредниот период тие предизвици ќе бидат анализирани на дневно ниво. 

Сакам да го честитам празникот, Христовото Воскресение  Велигден, а на сите граѓани да им посакам мир и среќа за нив и нивните семејства.

Ви благодарам.“