Реклама
Економија

Мицкоски: Нема повеќе политички моќници кои го напаѓаат бизнисот, нема повеќе тортура за бизнисмените

Нема повеќе политички моќници кои го напаѓаат бизнисот, нема повеќе тортура за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повеќе политички моќници кои го напаѓаат бизнисот, нема повеќе тортура за бизнисмените, заложбата на Владата да се ослободат оние кои допринесуваат во растот на економијата, носи раст на индустроското производство. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се забележуваат политиките на Владата во растот на економијата, а за многу скоро тоа ќе се забележи и во реалниот живот на секој обичен човек.

-Имаме навистина едно огромно задвижување во економијата, овие резултати кои што денеска како бројки ги гледаме ќе се почуствуваат многу скоро во реалниот живот. Она што е важно, немаме повеќе политички моќници кои што напаѓаат бизниси, кои што се успешни, нема повеќе криминал и корупција, нема повеќе изнуда, нема повеќе проценти, се она кое што беше наша заложба да ослободиме бизнисот од сето она што претходно значеше тортура, вели Мицкоски.

Според Мицкоски од стартот на годинава бројките покажуваат дека Македонија забележува економски раст и очекува тоа да продолжи и во наредниот период.

Реклама

-Од почетокот на годината, а оние два квартали од минатата година континуирано имаме раст на БДП, еден од врвните во Европа, ќе повторам во однос на нашиот БДП, за да не бидам повторно спинуван од одредени којоти на политичката сцена во Македонија. Што се однесува до останатите параметри можам да кажам дека имаме континуиран раст од почетокот на годината во делот на земјоделието, во делот на туризмот, во делот на извозот, во делот на идустриското производство, вели Мицкоски.

Инаку, според најновите податоци, македонската индустрија продолжува да се развива со позитивни чекори. Растот на индустриското производство од 4,1 проценти во јули годинава во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето најмногу е забележливо во секторот преработувачка индустрија. Најголем раст има во делот на производство на моторни возила, приколки, полуприколки со 26,5 проценти, производството на електричка опрема со 15,3 проценти, производство на машини и уреди со 4,6 проценти.

Матеја Петровски