Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Мицкоски: Нема откажување од европската иднина, ова е битка и за идните генерации

Никој не смее да се откаже од европската иднина бидејќи ова е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никој не смее да се откаже од европската иднина бидејќи ова е битка за следните генерации кои ќе чекорат овде место нас, но и на персискиските црвени килими во Брисел – премиерот Христијан Мицкоски бара долгорочно решение за македонските евроинтеграции. Аргументите спремни, куферот со предлози подготвен, шефот на владата утре на Самитот ЕУ-Западен Балкан уште еднаш ќе ја пренесе пораката дека Македонија сака влезе во блокот, ама доста е од преседани.

Сите ќе знаат кои се нашите аргументи, кои се нашите стравувања и дека сме подготвени да најдеме решение кое не е само за првиот чекор. Ова што тие го нудат е само за првиот чекор, такво решение, не благодарам.  Кога еднаш ќе направите преседан треба да сте свесни дека тој преседан станува правило, ние сме жртва на преседани. И тие не се за решавање на проблеми кои се пред нас, туку за билатерални проблеми, рече Мицкоски.

Откако Словенија и Германија подготвија нон-пејпер со кој се предвидува во пристапниот процес кон ЕУ да се намали можноста за вето или блокада поради билатерални прашања со соседни земји, во целиот процес се влева нова надеж. Мицкоски порача дека ЕУ треба да се врати на старите шини, пристапувањето на новите членки да биде по заслуги, да се избегнат блокади поради прашања од минатото и поради желбите на некои политички маргиналци.

Реклама

Мора ЕУ да се врати на старите шини, каде што ќе шири вредности на достигнувања а не на билатерални спорови. Не велам јас, дека ако не бидеме добри во нешто, да не не блокираат. Но ако треба да решаваме прашања од минатото, никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ќе имаме две опции. Или да се самоуништиме, што е лудо, или да се бориме и потешко ќе бидеме дел од ЕУ, рече Мицкоски.

Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан пораките од Брисел се дека Проширувањето кон Западен Балкан е најважната геополитичка инвестиција што ЕУ може да ја направи.