Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Мицкоски: Нема да се поместиме милиметар додека не видиме испорака од Софија

Додека нема испорака од бугарска страна, Македонија нема да ги помести ставовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека нема испорака од бугарска страна, Македонија нема да ги помести ставовите ниту милиметар – ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски откако бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова вчера во изјава за агенцијата БГНЕС, истакна дека Бугарија нема да се повлече од она што беше договорено во 2022 година и потенцираше дека патот на Скопје кон Европската Унија оди преку спроведување на преземените обврски. Мицкоски повтори дека земјава постојано нуди решенија, но Софија за жал со години не ја почитува потпишаната резолуција за заштита на човековите права, ниту пак ги спроведува 14-те  пресуди на Судот за човекови права во Стразбур. Бугарските барања за Мицкоски се уцена и булинг.

„И на маса им стојат најмалку 14 пресуди што доаѓаат од Судот за човекови права во Стразбур, па тие не ги почитуваат. Е да, тие ќе ви кажат, „вие сакате да дојдете во клубот каде што сме ние“. Ние не сакаме да дојдеме во клубот каде што сте вие. Но, тоа е уцена и булинг. Ако веруваме и стоиме до европските вредности, тогаш треба да веруваме и стоиме до европските вредности, а ако тие мислат дека се таму и за ние да бидеме таму, треба да ги прифатиме нивните барања, тогаш оваа влада таа игра нема да ја игра и сè додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар“ – вели Мицкоски.

Добрососедските односи се двонасочна улица – вели Мицкоски. Го загрижуваат првите јавни настапи на новата влада кај нашиот источен сосед. Тој алармира дека Бугарија има бројни проблеми на економски план и веројатно ќе биде првата држава која ќе биде санкционирана од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувала и ги лажирала извештаите за буџетскиот дефицит. Во вакви услови, според Мицкоски, проблемите со Македонија се само нова тема со радикализирани ставови.

Реклама

„Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми“ – вели Мицкоски.

Пред една седмица се оствари и првата средба на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговата колешка Велислава Петрова Чамова. Таму беа повторени бугарските позиции дека земјава треба да ги направи уставните измени како услов за напредок кон ЕУ, а од друга страна и Македонија потенцираше смета дека условите имаат билатерална димензија и не смеат да навлегуваат во идентитетските прашања.

Во пресрет на посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на Македонија, во вторник, повторно се отвора прашањето дали Европската Унија ќе успее да пронајде механизам за деблокирање на процесот или земјата и натаму ќе остане соочена со истите пречки на патот кон членството.