Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Мицкоски: Наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот стандард на граѓаните. Порача дека пред нас стојат големи предизвици, но и големи можности и дека државата веќе прави чекори напред. 

Оцени дека во изминатата година ипол поправени се многу работи, се отвораат нови работни места, а економијата закрепнува.

– Свесен сум дека многу луѓе живеат многу тешко и дека едвај врзуваат крај со крај во месецот и дека животот е многу скап. И како што секогаш посочувам – не постои магично стапче за решавање на проблемите. Би сакал да има, но ја кажувам реалноста дека сами се бориме за подобар живот. Но, работите се менуваат. Во оваа година ипол власт поправивме многу работи и ја поставивме основата и темелите за она што треба да биде поубав, подобар и побогат живот за секој еден човек. Потребни се трпение и упорност. Макроекономските показатели покажуваат дека економијата се буди и дека имаме тренд на раст. Но треба време бројките кои сега ги гледаме во статистичките извештаи, а се исклучително позитивни, да вродат и со реално подобрување на животниот стандард и народот многу брзо од сега да почувствува повеќе пари, рече Мицкоски.

Реклама

Посочи дека наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард. Само со здрава економија, рече Мицкоски, можеме да им понудиме на младите перспектива за побогат и достоинствен живот дома.

– Само со побогати семејства можеме да ја охрабриме секоја мајка и секој татко да се радуваат на нов живот. Визијата е јасна – Македонија како земја каде што секое семејство живее подобро од вчера, и каде што иднината е посветла, постабилна и побогата. Тоа е заедничката цел кон која чекориме и во која веруваме, рече Мицкоски во обраќањето на централната свеченост по повод 34-годишнината од осамостојувањето.