Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мицкоски на средба со Перински и Димитриеска Кочоска: Со ребаланс на буџетот ќе обезбедиме 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова иницијатива за развој на општините во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова иницијатива за развој на општините во земјата преку обезбедување на 250 милиони евра од Буџетот за развој и капитални проекти. Како што соопштија од Владата, овој план е дел од напорите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните.

На работниот состанок со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беше утврден начинот на кој ќе се распределат средствата за општините. Според најавите, по ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства.

Во продолжение, објавата во целот:

Реклама

„Имав работен состанок со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за локална самоуправа Златко Перински, каде што го утврдивме начинот на распределба на средствата за општините. По ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства. Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура.

На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби.

Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното“, стои во објавата.