Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Мицкоски на инаугурацијата на Трамп: Во Вашингтон ќе има и важни средби со луѓе блиски до претседателот

Премиерот Христијан Мицкоски дефинитивно на 20 јануари ќе присуствува на инаугурацијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски дефинитивно на 20 јануари ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Како што информираат од Владата, Мицкоски на 20 јануари ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“, која ќе се одржи по инаугурацијата, организирана од компаниите Трамп Медија и Рампол. Најавено е дека за време на престојот во Вашингтон, македонскиот премиер ќе се сретне со Хауард Лутник, копретседавач на тимот за транзиција на претседателот Трамп и министер за трговија, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Трамп и извршен директор на Трамп Медиумската корпорација, како и со извршниот директор на Рампол, Крис Павловски.

Од Владата посочуваат дека можни се и повеќе други средби. На инаугурацијата во Капитол се најавува присуство на бројни претседатели и премиери, но и први лица на светските организации.