Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски на инагурацијата на Трамп: Вратите на Белата куќа ќе бидат поотворени за новата македонска влада

Присуството на премиерот на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Присуството на премиерот на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е показател за силните врски кои Христијан Мицкоски ги има со дел од новата администрација во САД. На тој начин дополнително ќе се зајакне соработката, довербата и пријателството со стратешките партнери. Според експертите, односите на релација Скопје-Вашингтон ќе се продлабочуваат, што ќе донесе и поголема поддршка за европскиот пат на Македонија.

Тоа е доказ дека САД се стратешки партнер на македонската држава. Тоа е докажано, уште од 2008 со потпишување на стратешкото партнерство. Покрај што сме членка на НАТО, тоа е уште еден доказ за цврстите врски со САД. Тоа е добра можност, Мицкоски да води разговори со челниците на американската администрација, како понатаму да ја зголеми соработката и поддршката, во делот на развојот на демократијата, економијата, военото присуство во НАТО, вели поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.

Во рамки на неколкудневната посета на САД како што информираа од Владата, Христијан Мицкоски ќе се сретне со копретседавачот на тимот за транзиција на Трамп и министер за трговија, како и со претседавачот со советодавното тело за разузнавање.Средби ќе има и со важни и истакнати бизнисмени во САД, кои се блиски соработници на Трамп, а меѓу нив е и извршниот директор на Рамбл, Крис Павловски.

Реклама

Тоа покажува дека сме ценета држава во западниот свет, дека имаме силни позиции. Од секогаш сме имале поддршка од САД и така треба да ја градиме соработката, довербата, пријателството и тоа ќе донесе успех на трите општествени потсистеми – и формата на управувањето на демократијата, и економскиот потсистем, и општествениот  развој, изјави Ѓорчев.

На инаугурацијата во Капитол се најавува присуство на бројни претседатели и премиери, но и први луѓе на светските организации. Како што пренесуваат регионалните и светските медиуми, меѓу политичарите кои добиле покани се и италијанската премиерка Мелони, премиерот на Унгарија Орбан, францускиот претседател Макрон. За сега нема информации дали и кој друг лидер од регионот е поканет, покрај македонскиот премиер Мицкоски. Претходно, вицепремиерот Александар Николоски порача дека тоа што Мицкоски добил покана да присуствува на инаугуирацијата на Трамп е огромна и ретка работа, и веројатно од регионот е единствениот што ќе присуствува.

Шефот на Владата за Вашингтон лета на 18 јануари. Тој најави дека за време на посетата се предвидени многу средби и неговите очекувања се, како што рече, да го привлече вниманието за САД да гледаат кон Балканот со поинваква оптика и да ја зголемат поддршката.