Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Мицкоски – Најт: Продлабочување на соработката меѓу институциите

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

-Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук.

На средбата присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорката на САД Анџела Агелер и  генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Реклама

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска на свечена церемонија ќе го одликува генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги.

Генерал-мајор Најт, како што информираат од Кабинетот на претседателката, се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на македонската армија.