Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Економија

Мицкоски: Можеме да помогнеме работодавачите и работниците да најдат компромис, но не можеме да наметнуваме

Можеме да помогнеме работодавачите и работниците да најдат компромис, но не можеме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можеме да помогнеме работодавачите и работниците да најдат компромис, но не можеме да наметнуваме, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски за барањата од синдикатите за зголемување на минималната плата на 600 евра. 

Мицкоски во одговор на новинарско прашање истакна дека Владата го охрабрува бипартитниот дијалог повторувајќи дека минималната плата ќе се зголеми во согласност со законот. 

– Владата не е таа што прифаќа барања бидејќи Владата како работодавач со своите колеги си ги регулира работите за 98-99 проценти од вкупниот број вработени од владините институции. Имаме договор до 2028 година. Тој процес сме го заокружиле. Ние не можеме да сугерираме во приватните компании како ќе бидат регулирани нивните односи со работниците. Затоа велиме ние можеме да помогнеме во процесот, да го фасилитираме, мислам дека сега на почетокот на март ќе имаме состанок на Економско-социјалниот совет и ние можеме да помогнеме работодавачите и работниците да најдат компромис, но не можеме да наметнуваме затоа што наметнувањето од минатото видовте каде нè донесе и со какви сè предизвици како Влада сега морада се справуваме поради некои несреќни политики на некоја претходна влада – изјави Мицкоски. 

Реклама

Според него, Владата секогаш е тука на располагање и на работниците и на работодавачите и ќе помогне во процесот да се постигне решение.

Владата, посочи, беше подготвена и постигна договор со вработените, кои добиваат личен доход под ингеренција на Владата и потпишавме договор заклучно со крајот на мандатот 2028 година.

– Принципиелно се однесуваме, ги регулиравме нашите односи и мислам тоа е добра порака да стоиме на нашите принципиелни ставови. Се грижиме како Влада, постигнавме договор до 2028 година и го охрабруваме бипартитниот дијалог, а ние како Влада во согласност со законот ќе ја зголемиме минималната плата,- рече Мицкоски по учеството на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.