Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Средба Меџити – Хаџиу во Скопје: Зајакнувањето на соработката меѓу Косово и Македонија останува заеднички приоритет

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија денеска ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија денеска ја пречека претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, со која оствари пријателска средба посветена на односите меѓу Косово и Македонија, институционалната соработка и можностите за нејзино унапредување во области од заеднички интерес.

Како што соопшти Општина Чаир, на средбата се разговараше за значењето на зајакнувањето на добрососедските односи, кои се темелат на историските, културните и општествените врски меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на потребата од континуирана меѓуинституционална комуникација и препознавање нови можности за соработка, во насока на развој и остварување на заедничките интереси.

-Ми претставуваше особено задоволство што во Скопје ја пречекавме претседателката на Собранието на Република Косово, г-ѓа Албулена Хаџиу. Косово и Северна Македонија ги поврзуваат значајни историски, културни и братски врски, кои претставуваат цврста основа за продлабочување на нашата соработка. Во текот на разговорот го истакнавме значењето на континуираниот дијалог, зајакнувањето на институционалните односи и унапредувањето на иницијативите од заеднички интерес. Верувам дека блиската соработка меѓу двете земји придонесува за развојот, стабилноста и нашата заедничка иднина-изјави Меџити.

Реклама

На крајот од средбата, градоначалникот Меџити изразил благодарност за посетата на претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, посакувајќи ѝ успех во извршувањето на нејзините институционални должности. Воедно, тој повторно го нагласи значењето на негувањето добри односи и континуираното унапредување на соработката меѓу Косово и Северна Македонија.