Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски: Македонија за првпат од осамостојувањето избрана во едно од водечките тела на ОН со 174 гласа

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Македонија за првпат од осамостојувањето е избрана за членка на едно од водечките тела на Обединети нации, оценувајќи го тоа како огромен успех за државата и македонската дипломатија. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски информираше дека на заседанието на ОН во Њујорк, државата е избрана за членка на Економски и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Македонија за првпат од осамостојувањето е избрана за членка на едно од водечките тела на Обединети нации, оценувајќи го тоа како огромен успех за државата и македонската дипломатија.

Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски информираше дека на заседанието на ОН во Њујорк, државата е избрана за членка на Економски и социјален совет на Обединетите нации за периодот 2027–2029 година, со поддршка од 174 држави.

Според него, изборот претставува потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел, како и признание за активната дипломатија и довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери.

Реклама

Мицкоски потсети дека во изминатиот период Македонија стана членка на Совет за човекови права на Обединетите нации, како и на Организација за забрана на хемиското оружје, оценувајќи дека изборот во ЕКОСОК е продолжение на позитивниот тренд и доказ за сè посилното и повидливо присуство на државата во меѓународните организации.

„Нашата цел е Македонија да биде држава која не стои на маргините, туку активно учествува, гради партнерства и придонесува во решавањето на прашањата што се важни за граѓаните и за меѓународната заедница“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека успехот е резултат на работа, доверба и одговорен пристап, додавајќи дека Владата ќе продолжи да ја зајакнува позицијата на Македонија и да создава нови можности за државата на меѓународен план.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: