Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Мицкоски: „Кртови“ ќе се појавуваат уште некое време, но ќе бидат пронајдени и ќе одговараат

Премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали полициските акции од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали полициските акции од викендот се спроведени во целост и дали се појавиле „кртови“ рече дека такво нешто ќе има уште некое време, но оти ќе бидат пронајдени и ќе одговараат.

-Кртови ќе се појавуваат уште некое време сè додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со институциите на претходната Влада, претходната коалиција. Но, тие кртови ќе бидат пронајдени и извадени од дупките од коишто се кријат и како глувци ќе одговараат, изјави Мицкоски, по денешното отворање на комплетно реновираниот прв кат и на клиниката за психијатрија.

Министерството за внатрешни работи вчера потврди дека завчера било приведено едно службено лице со кое бил извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“, во врска со полициските акции месецов.