Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Кривичниот законик ваков каков што е значи политичка амнестија за сторениот криминал, потребен е нов кој ќе биде дел од сеопфатната реформа на правосудниот систем 

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски во интервју дадено за централниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски во интервју дадено за централниот дневник на МТВ вели дека Кривичниот законик кој го донесе претходната Влада на СДСМ и ДУИ всушност значи амнестија од сторениот криминал, потенцирајќи дека е потребен нов Кривичен законик кој што ќе биде базиран на искуствата на земјите членки на Европската Унија.
Одговорот на ова прашање ќе го поделам во два дела. Првиот дел е и за македонската јавност и за Брисел. Овој Кривичен законик ваков каков што е ќе значи амнестија условно кажано за дел од сторениот криминал за кои што постои основано сомнение и докази дали во фаза на истраги или во судска фаза. Зошто? Затоа што овој Кривичен законик за тие случаи е поповолен и согласно Уставот тие си го гледаат поповолниот, и тоа ќе значи застарување на дел од делата, без разлика дали ние ќе носиме нов, не може новиот да го надсинхронизира овој кој што е постојан. Така што тие кои што мислеа да си направат ваков тип на услуга си направија. И тука не треба да имаме дилеми, изјави премиерот Мицкоски.
Нов Кривичен законик, да сакаме да донесеме базиран на искуствата од земјите членки на ЕУ усогласени со нашиот сентимент и реалност кај нас дома. Таков еден Кривичен законик треба да се донесе, не велам не. Но, ќе повторам овој каков што е денеска, овозможува дел од предметите кои што се во судски процеси или во истрага за кои што постои основано сомневање и докази дека е сторен криминал, да застарат. И нов закон да повторам, не може да ги врати тие дела. Така што да заклучам, тие кои што сакале со тие измени на тој закон, кој што моментално е важечки да си обезбедат условно кажано политичка амнестија на криминал или вистинска амнестија на криминал, си ја завршија работата. Нов закон базиран на европски искуства ќе биде дел од сеопфатната реформа на судството и обвинителството кај нас. И да, планираме такво нешто да направиме, дециден е премиерот Мицкоски.