Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски ќе бара од Уставен суд времена мерка за законот за патни исправи

ВМРО ДПМНЕ со преставка до Уставниот суд ќе бара ставање на времена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО ДПМНЕ со преставка до Уставниот суд ќе бара ставање на времена мерка на Законот од 2021 за патните исправи. Лидерот на партијата најави дека се разгледуваат опоции како да се надмине хаосот со личните документи.

“Имаме две опции едната опција е во парламентот да се донесе закон со кој рокот ќе се продолжи и тоа е една од опциите. И втората опција е да се поднесе претставка пред Уставниот суд и да се стави времена мерка на Законот од 2021-ва година да биде вон сила се до следно одлучување дали е тој уставен или не, а се однесува на патните исправи или пасошите. Доколку Уставниот суд е експресен како што видовме во минатото тогаш може уште во текот на следната недела да постапува и да ја донесе таа времена мерка“ заклучи Мицкоски.

Мицкоски го обвини Спасовски дека дополнителен проблем со патните исправи е доцнењето со набавката за обрасци. Тоа според него е намерен потег на власта, затоа што доаѓа техничка влада, каде што технички министер на МВР ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа ќе се создаде вакум простор до март кога треба да дојдат новите обрасци и тогаш да се обвинува идниот технички министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

И претседателот Стево Пендаровски побара од владата да го продолжи рокот за замена на личните документи до крајот на годинава, за да се избегнат редиците чекање. Премиерот Ковачевски повтори дека мора да се праша и Грција.

“Кога претседателот Пендаровски ќе разговара со грчката претседателка, тој ќе не информира и ние ќе можеме да дејствуваме” кажа премиерот.

Во меѓувреме, пред шалтерите на МВР и пунктовите отворени за вадење лични документи се случува невиден хаос. Граѓаните нервозни, се туркаат и се расправаат за да се фотографираат но и за да ги земат готовите лични документи.