Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: Имаме интензивни активности на дипломатски план, критиките за изолираност не држат

Средба со француски и турски претседател, со германски канцелар. За два месеца повеќе средби со клучни играчи на меѓународната политичка сцена е доказ дека Македонија не е изолирана земја како што тврди опозицијата. Премиерот Христијан Мицкоски дециден дека и посетата на европската комесерка Марта Кос следниот период, ја демантираат СДСМ. На домашен терен, предвремени парламентарни […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средба со француски и турски претседател, со германски канцелар. За два месеца повеќе средби со клучни играчи на меѓународната политичка сцена е доказ дека Македонија не е изолирана земја како што тврди опозицијата. Премиерот Христијан Мицкоски дециден дека и посетата на европската комесерка Марта Кос следниот период, ја демантираат СДСМ.

  • „Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и беше претседателот на Европскиот совет тука во Скопје, се тоа за само два месеца. Сега ќе дојде и комесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос на редовна обиколка на регионот“, прецизира Мицкоски.

На домашен терен, предвремени парламентарни избори не се во игра, но ако опозицијата е спремна, власта ќе одговори на предизвикот.

Одговарајќи на обвинувањата на СДСМ, дека Владата сака да оди на избори бидејќи ги потрошила државните парите и дека нема да бидат алиби за предвремени избори, премиерот Мицкоски рече дека тоа едното со другото немаат логика.

Реклама
  • „Нема да се мешам во нивната стратегија. Само знам дека, зборувам политички, кога влегувате во втората половина од мандатот, логично е да сте подготвени за избори без разлика дали се тоа редовни или вонредни, на барање на опозицијата. Еве нашата опозиција не бара, нашата опозиција е сокриена, има три-четворица кои држат прес-конференции полни со невистини и навреди, најчесто кон мене. И сега кога имаат можност да се покажат на терен, да видат еве колку ефект имаат тие нивни невистини и навреди кон мене, тие едноставно бегаат. Тоа нема да биде првпат што го прави СДСМ. Тоа веќе во историјата многу пати го направила СДСМ“, рече Мицкоски. 

Сигурно засега е дека ќе има реконструкција на владата. По партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни, владините коалициони партнери ќе го прекројуваат владиниот состав.

За најавеното повлекување, пак, на Али Ахмети од лидерското место во ДУИ, Мицкоски рече дека не би сакал да коментира внатрешни партиски работи, исто како што не би сакал некој да ги коментира внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ.